Прекрасни цитати кои ќе ви ја докажат моќта на образованието

Прекрасни цитати кои ќе ви ја докажат моќта на образованието

Нашето образование почнува од многу рана возраст. За прв пат се среќаваме со учењето преку игра во градинка, потоа продолжуваме во задолжително основно и средно училиште, а поголемиот дел од луѓето завршуваат и факултет. Поминуваме околу 16 години од нашиот живот во формалното образование. Сите знаеме колку е важно да образованието, бидејќи родителите постојано ни велат дека треба да учиме и да имаме одлични оценки.

Прекрасни цитати кои ќе ви ја докажат моќта на образованието

Проблемот настанува кога младите луѓе почнуваат да губат верба во образовниот систем, бидејќи без оглед на тоа каков успех имале, тие не можат да најдат работа, нивниот труд не се цени и постојано сведочат на разни неправди во општеството. И покрај тоа, моќта на образованието е неоспорна и можете да го извлечете најдоброто од него ако навистина сакате. Прочитајте ги следниве цитати за да се уверите во тоа и самите…

„Образованието е најмоќното оружје што можете да го употребите за да го промените светот.“ – Нелсон Мандела

„Разбудете ја страста кон учењето. Ако го направите тоа, никогаш нема да престанете да созревате.“ – Антони Д’Анџело

„Најмногу се исплати инвестицијата во знаењето.“ – Бенџамин Френклин

„Образованието не претставува подготовка за животот. Самото образование е животот.“ – Џон Дјуи

„Колку и да чинат библиотеките, цената е многу ниска во споредба со онаа на глупавиот народ.“ – Волтер Кронкајт

„Образованието е пасош за иднината, бидејќи утрото им припаѓа на оние кои од денес се подготвуваат за него.“ – Малколм Екс

„Умот кој еднаш бил просветлен, не може повторно да стане мрачен.“ – Томас Пејн

„Образованието треба да се стреми кон тоа да ја доведе моралната, интелектуалната и физичката природа на учениците до совршенство за тие да можат да дадат најголем можен придонес за себе и за другите.“ – Ема Харт Вилард

„Оној кој ќе престане да учи, старее, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној кој постојано учи, останува млад.“ – Хенри Форд

„Оној што ќе ја отвори училишната врата, го затвора затворот.“ – Виктор Иго

„Напредокот и ширењето на знаењето се единствените чувари на вистинската слобода.“ – Џејмс Медисон

„Образованието ја негува самодовербата. Самодовербата ја негува надежта. Надежта го негува мирот.“ – Конфучиј

„Држава која не ги образува и подучува жените е иста како маж кој ја вежба само десната рака.“ – Јустен Гордер

„Знаењето ќе ви даде можност да направите промена.“ – Клер Фагин

Прекрасни цитати кои ќе ви ја докажат моќта на образованието

„Секоја преродба доаѓа на свет со плачење, со плачот на човечкиот дух кој сака да биде слободен.“ – Ен Саливан

„Сѐ што ќе научите денес, без никаква причина, ќе ви помогне да ги откриете сите прекрасни тајни на утрото.“ – Нортон Џастер

„Целта на образованието е да го замени празниот мозок со слободен ум.“ – Малколм Форбс

„Само образованите луѓе се слободни.“ – Епиктет

„Сѐ што ќе научите станува ваше богатство, богатство што не може да ви биде одземено, без разлика дали ќе учите во зградата наречена училиште или ќе учите од животниот учител. Учењето нови работи е безвременско задоволство и бесценето богатство.“ – Џојбел

„Погрешно образованото дете е изгубено дете.“ – Џон Ф. Кенеди

„Образованието е подобар чувар на слободата од војската.“ – Едвард Еверет

„Образованието е вакцина против насилство.“ – Едвард Џејмс Олмос

„Образованието е клучот што ја отклучува златната врата на слободата.“ – Џорџ Вашингтон Карвер

„Учењето никогаш не го исцрпува умот.“ – Леонардо да Винчи

„Убавата страна на учењето е тоа што никој не може да ви го одземе.“ – Б. Б. Кинг

„Образованието не е проблем. Образованието е можност.“ – Линдон Џонсон

„Според мене, добра книга е онаа што се отвора со очекување, а се затвора со профит.“ – Луиза Меј Алкот

„Тогаш кога ќе научите да читате, ќе бидете слободни засекогаш.“ – Фредерик Даглас

Доколку сакате да се посветите на вашето образование, прочитајте ги овие 5 одлични начини да го надградите своето знаење без да трошите пари.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар