Прекрасни божиќни цитати што ќе ви ја стоплат душата

Прекрасни божиќни цитати што ќе ви ја стоплат душата

На лудата авантура наречена 2016-та година ѝ се ближи крајот, а сигурно празниците се токму она што им треба на поголемиот дел од луѓето. Оваа година беше исполнета со многу настани и на сите ни е потребно мало бегство од реалноста, а новогодишниот и божиќниот период го нуди токму тоа. Овие прекрасни цитати од Жизел Бундхен, Чарлс Дикенс, Доктор Сус и многу други ќе ве потсетат дека Божиќ не е само празник, туку и чувство. Прочитајте ги нивните мудри мисли и почувствувајте го духот на празниците…

Прекрасни божиќни цитати што ќе ви ја стоплат душата

„Божиќ не е празник. Божиќ е чувство.“ – Една Фербер

„Божиќ замавнува со неговото волшебно стапче насекаде ширум светот и одеднаш сѐ е понежно и поубаво.“ – Норман Винсент Пил

„Можеби Божиќ, си помисли Гринч, не доаѓа од продавница. Можеби Божиќ… можеби… има поголемо значење!“ – Доктор Сус, „Како Гринч го украде Божиќ“ (How The Grinch Stole Christmas)

„Ќе го носам Божиќ во моето срце и ќе се обидам да го задржам таму цела година.“ – Чарлс Дикенс, „Божиќна песна“ (Christmas Carol)

„Божиќ и воопшто празниците се период на давање. Тогаш луѓето се подобри и имаат отворено срце.“ – Жизел Бундхен

„Го испланирав целиот ден. Прво, ќе правиме снежни ангели два часа, потоа ќе се лизгаме на мраз, потоа ќе изедеме еден куп колачиња колку што можеме побрзо и потоа ќе се сместиме на топло местенце.“ – Бади, „Елф“ (Elf)

„Поентата на Божиќ е да направите нешто посебно за некого.“ – Чарлс М. Шулц

„Поседувате вистински божиќен дух доколку го цените мирот и добрата волја и имате голема милост.“ – Келвин Кулиџ

„Божиќната вечер ми е омилена. Исчекувањето е најзабавно од сѐ друго. Го имам изгубено тоа чувство. Идејата е дека нешто обично како храна, традиции и дата на календарот може да биде посебно, бидејќи ние сме одлучиле така. Ние го правиме тоа посебно. Не само за себеси, туку и за другите.“ – Кирстен Вајт


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар