Прекрасната порака на Стивен Хокинг за борбата против депресијата

Прекрасната порака на Стивен Хокинг за борбата против депресијата

На 14 март, 2018 година, светот стана посиромашен, бидејќи еден брилијантен, љубопитен и интелигентен ум, Стивен Хокинг, почина на 76-годишна возраст. Тој се смета за еден од најбрилијантните теоретски физичари веднаш по Ајнштајн. До моментот на неговата смрт, тој беше директор на истражување на престижниот Универзитет во Кембриџ.

Прекрасната порака на Стивен Хокинг за депресијата

Хокинг беше професор на колеџот Гонвил и Каиус, како и професор во Кембриџ (1979 – 2009). Хокинг исто така имаше дузина почесни дипломи, а во 1982 година, тој беше награден со ЦБЕ (командант на редот на Британската империја,) што е голема чест.

Покрај тоа, Хокинг беше член на Кралското друштво, како и на Националната академија на науки во Америка.

Неговите големи идеи и мисли, инспирираа голем број генерации, бидејќи ја споделуваше својата мудрост на лесен начин за учење. Исто така, Хокинг беше голем човек, личност која не стравуваше од борба.

Во 1963 година, му беше дијагностицирана Амиотрофична латерална склероза, и на 21-годишна возраст, докторите му соопштиле дека има уште 2 години од неговиот живот. Како што знаеме, тој им докажа дека погрешија.

Човек кој се борел против сите шанси, е личност која знае многу за животот.

Во 2016 година, тој одржа говор во Универзитетот на Јужна Калифорнија и неговите зборови допреа до секоја присутна личност во публиката.

Иако темата на неговото предавање беше за црни дупки, тој ја искористи можноста да ги поврзе со вистинскиот живот и да им помогне на луѓето кои страдаат од депресија. Пораката на предавањето била дека црните дупки не се така црни како што биле насликани. Таа гласи вака:

„Сетете се да погледнете нагоре во ѕвездите, а не надолу во вашите стапала. Обидете се да имате смисла за она што го гледате и прашувајте се, што е тоа што го прави универзумот да постои. Бидете љубопитни. Иако се чини дека животот е тежок, секогаш постои нешто што можете да го направите и да успеете. Важно е да не се откажувате“.

Прочитајте и дел од неговите инспиративни мисли за време на предавањето:

„Работите можат да излезат од црната дупка, можеби во некој друг универзум, па доколку се чувствувате како да сте во црна дупка, не предавајте се – постои излез…“

„Тие не се вечни затвори како што порано се мислеше.“

Хокинг објаснил дека доколку една личност е со инвалидитет, не треба да се обвинува светот или пак да се очекува сожалување. Луѓето мора да имаат позитивен став и да го извлечат најдоброто од ситуацијата.

Тој објаснил дека неговиот инвалидитет не бил значаен хендикеп во неговата работа (теоретска физика), туку му помагал на некој начин, со што бил поштеден од предавања и административни работи, со кои би требало да се занимава доколку не бил со инвалидитет.

Освен тоа, Хокинг тврдел дека тој добивал голема помош од неговата сопруга, децата, колегите и студентите.

„Луѓето, генерално се спремни за помош, но потребно е некој да ги охрабри да се почувствуваат дека нивните напори за помош се вредни“, рекол тој.

Овој совет не можеше да дојде од подобро место, бидејќи овој силен човек надминал бројни пречки и живеел храбар и неверојатен живот.

Прочитајте го и ова доколку се чувствувате изгубено поради вашата депресија.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар