Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Кејтлин Фладагер се пофалила на Фејсбук со гестот на нејзиниот сопруг кој еднаш месечно ја носи ќеркичката на „љубовен состанок“. Тој ѝ помагал да го одбере совршеното фустанче и чанта за излегувањето. Таткото дури и ја отворал вратата за неговата мала принцеза и се однесувал кон неа како да е вистинска дама.

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Тој секој месец ја носи неговата ќерка на вкусен сладолед или торта и овој прекрасен ритуал им се допадна на сите негови 300.000 следбеници на социјалните мрежи кои го пофалија неговиот труд. Имено, брачниот пар сака да му покаже на малото девојче како нејзините идни партнери би требало да се однесуваат кон неа.

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

„Таа е многу среќна кога ќе се вратат дома. Сега засекогаш ќе знае дека заслужува партнер кој ќе ѝ угодува, бидејќи татко ѝ постави навистина високи критериуми“, напишала мајката на Фејсбук.

Оваа објава им се допадна дури на 86.000 корисници, а споделена е повеќе од 40.000 пати.

„Сите мажи и жени би требало да го прават ова. Татковците би требало да ги водат девојчињата на состаноци, а мајките да ги водат нивните синови, или пак синовите да ги водат нив“, вака гласел еден од многубројните коментари на објавата.

Прекрасен ритуал: Овој татко секој месец ја носи ќерка му на „љубовен состанок“

Оваа идеја навистина би можела да им помогне на малите девојчиња и момчиња уште од мали нозе да стекнат манири за додворување и да научат како треба да се однесуваат на љубовните состаноци. Тоа би можело многу да им помогне при изборот на идните партнери, бидејќи отсекогаш ќе знаат дека не треба да бидат со некој кој не ги почитува и не знае како правилно да се однесува кон нив.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар