Преферирате „удирање“ како дисциплинска мерка? Погледнете како тоа влијае на вашето дете

Преферирате „удирање“ како дисциплинска мерка? Погледнете како тоа влијае на вашето дете

Ако и вие сте биле дисциплинирани на овој начин како дете, сигурно веќе знаете дека ништо добро не излегло од тоа. Всушност, тоа само дополнително го влошувало вашето однесување. Барем така велат новите студии.

(1) Преферирате „удирање“ како дисциплинска мерка? Погледнете како тоа влијае на вашето дете

Според едно ново психолошко истражување, колку повеќе се казнуваат децата со удирање, толку повеќе ќе им пркосат на родителите и ќе доживеат зголемување на антисоцијалното однесување, агресијата, проблемите со менталното здравје и други когнитивни потешкотии. Студијата, која била објавена во „Journal of Family Psychology“, вклучувала анализа на 5-декадни истражувања, направени на околу 160.000 деца.

„Студијата беше фокусирана на она што повеќето го сфаќаат како удирање за дисциплина, а не како потенцијално насилно однесување. Станува збор за удар со отворена дланка на задникот или по екстремитетите“, вели Елизабет Гершоф, коавтор на студијата.

Резултатите не биле добри. Гершоф, заедно со Ендрју Гроган-Кејлор, откриле дека колку повеќе возрасните биле удирани како деца, толку поголеми шанси имале да се соочат со низа негативни исходи во подоцнежниот живот, вклучувајќи и одредени проблеми со менталното здравје.

„Ние откривме дека удирањето е поврзано со ненамерни штетни исходи и не води кон моментална или долготрајна послушност, што е целта на родителите кои на овој начин ги воспитуваат своите деца“, вели Гершоф.

(2) Преферирате „удирање“ како дисциплинска мерка? Погледнете како тоа влијае на вашето дете

Возрасните кои биле удирани како деца, исто така имале и поголема склоност да ја поддржуваат физичката казна и со своите деца. И тоа продолжува понатаму… Но, работите стануваат уште полоши. Гершоф и Гроган-Кејлор исто така ги споредиле негативните ефекти на удирањето во детството со оние кои се класификуваат како „физичко насилство“ на децата. И двете биле поврзани со истите штетни исходи.

„Ние живееме во општество каде што удирањето како дисциплинска мерка и физичкото насилство се две сосема различни нешта. Но, нашето истражување покажува дека тие ги имаат истите негативни ефекти на децата, со скоро незначителна разлика во степенот.“

И покрај сè, удирањето продолжува и нема никаков закон кој би можел да го спречи, со оглед на тоа што не влегува во дефинициите за домашно насилство. Токму затоа и истражувачите се надеваат дека нивните откритија ќе им помогнат на родителите два пати да размислат пред да решат да го удрат своето дете.

„Се надеваме дека нашата студија ќе им помогне на родителите да се информираат за потенцијалната штета на оваа дисциплинска мерка и да ги поттикне да се обидат со некоја позитивна форма на воспитување“, завршува Гершоф.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар