Преферирате плажа или планина? Одговорот може многу да каже за вашата личност
Размислете кои биле неколкуте ваши последни дестинации за одмор. Дали го наполнивте автомобилот со крпи за плажа, чадори и крема за сончање? Или пак ги спакувавте книгите, планинските чевли и топлата облека за студените планински ноќи? Истражувањата покажуваат дека местото за одмор коешто ќе го изберете открива многу за вашите особини и вашиот карактер.
Видови личности според местото за одмор
Истражувањата покажуваат дека интровертите повеќе се склони кон планини, повлечени помеѓу дрвјата, додека пак екстровертите повеќе сакаат да уживаат во дружењата и животот на плажа. Науката за истражување на различните видови личности според одредени дестинации се нарекува „Вклопување на личноста во околината.“ Всушност, што преферира една личност е одредено од нејзините карактерни црти. Така, интровертите преферираат осамени, тивки места, каде што е ограничена интеракцијата со другите луѓе. Од друга страна пак, екстровертите уживаат на плажа затоа што таму имаат поголема комуникација со други луѓе, што одговара на нивната природа.
Доколку ги сменат местата, двете страни ќе доживеат непријатности. Другите фактори пак, како што е возраста, полот и расата, немаат никакво значење при избирањето помеѓу планина и плажа. Тоа единствено е детерминирано од тоа дали личноста е интроверт или екстроверт.
Планина наспроти плажа
Овие две дестинации имаат слични карактеристики како личноста којашто ги избира. На пример, планините нудат затскриени, приватни места, каде што личноста може да се изолира и да размислува. Од друга страна пак, животот на плажата нуди бучава, внимание, забава и дружење. Планините се избор за луѓето коишто сакаат да патуваат сами, додека пак плажата може да биде најдобар избор за одмор со пријателите.
Овде се поставува прашањето дали интровертите бараат осаменост и планина или пак планината прави една личност да биде интроверт? И дали екстровертите имаат потреба постојано да бидат гледани од другите или пак плажата прави тие личности да сакаат забава и дружење? Истражувањата покажале дека одредени отворени простории ќе го охрабрат однесувањето на екстровертите. Кога се набљудувале луѓето од отворените простори, споредбено со луѓето во тивки, повлечени места, било утврдено дека покрај сѐ, постоеле минимални промени кај интровертите и екстровертите, односно, кај екстровертите коишто биле изложени на отворени простори имало повисоко ниво на среќа, отколку кога биле повлечени во тивки места.
САКАМ СО ГОЛЕМО ЗАДОВОЛСТВО И СО ДИГНАТА ГЛАВА ДА КАЖАМ ДЕКА ОВАА СТАТИЈА ЗА ИНТРАВЕРТНИ И ЕКСТРАВЕРТНИ ЛИЧНОСТИ НЕМА НИТУ МАЛКУ ВИСТИНА,ВПРОЧЕМ ЈАС СУМ ПЛАНИНАР ПОДОЛГО ВРЕМЕ,И ЈА САКАМ ПЛАНИНАТА,А И МОРЕТО,СЕ СИ ИМА СВОЈА УБАВИНА.
ТОЈ ШТО ГО НАПИШАЛ ОВА,СИГУРЕН СУМ ДЕКА НЕ ЗАПОЗНАЛ НИ ЕДЕН ПЛАНИНАР,МОЖЕ ДА КАЖАМ ДЕКА НЕ ПОСТОИ НИТУ ЕДЕН ПЛАНИНАР СО ИНТРАВЕРТЕН КАРАКТЕР,СИТЕ СЕ ЕКСТРАВЕРТНИ,И ЈАКО ДРУЖЕЛУБИВИ ЛИЧНОСТИ,
ТИЕ ДОАГААТ НА ПЛАНИНА ЗА ДА ИСКАЧАТ ПО НЕКОИ ВРВ, И ДА САКАМ ДА Е ДРУЖАТ.
ЗА КРАЈ САКАМ ДА КАЖАМ АВТОРОТ ДА СИ ГО ПРОМЕНИ МИСЛЕЊЕТО,БИДЕЈКИ ОЧИГЛЕДНО НЕ ГИ ПОЗНАВА ПЛАНИНАРИТЕ,А И УШТЕ ЕДНА ПРЕПОРАКА ОД МЕНЕ:
ДА ДОЈДЕ БАРЕМ ЕДНАШ НА ПЛАНИНАРСКА ТУРА ПА ДА СЕ УВЕРИ ВО ЕКСТРА ,ЕКСТРАВЕРНОСТ НА СЕКОЈ ПОЕДИНЕЦ ( ПЛАНИНАР)
ВИ БЛАГОДАРАМ ОДНАПРЕД
мАРЈАН ( ПСД.КОРАБ)