Предностите и слабостите на луѓето со крвна група 0
Луѓето со крвна група 0 се посебни бидејќи можат да им даваат крв на сите останати групи (во ертитроцитите на оваа крвна група нема никаков фактор кој би можел да ја разори туѓата крв), додека тие можат да добиваат само од својата. Но, тоа не е сè што ги прави многу поразлични од другите. Тие се многу посклони на одредени болести, но исто така имаат и неколку моќни особини поради кои се истакнуваат во популацијата.
Способност за водство, проактивност, голема енергија и исклучителен фокус се само дел од најдобрите квалитети на луѓето со крвна група 0. Тие исто така често знаат да бидат многу моќни и продуктивни. Од друга страна пак, тие се посклони на одредени болести како чирот, проблеми со тироидната жлезда, како и недостаток на јод во крвта. Овие проблеми можат да предизвикаат несакани последици како прекумерна телесна тежина и задржување вода во организмот.
Во Јапонија крвната група 0 се поврзува со одреден вид способности. На разговор за работа, Јапонците често прашуваат за крвната група на апликантите. Оние со крвна група 0 се опишуваат како одговорни, предани, организирани, фокусирани, совесни и практични. Тие исто така се верува и дека се побистри и подобри логичари од останатите. Тоа се случува бидејќи нивните предци биле ловци кои требало да набљудуваат и прецизно да ја проценат околината со цел да преживеат.
Кога се под стрес, тие можат лесно да се разлутат, да станат хиперактивни или импулсивни. Лошата исхрана, недостатокот на телесна активност и другите видови нездрави навики можат да ги направат поподложни на штетни метаболитички процеси, како што се отпорноста на инсулин, намалената работа на тироидната жлезда и дебелината. Тие исто така имаат и поголема количина желудочна киселина од другите крвни групи, па затоа и често имаат чувствителен желудник и се склони на чирови.
Луѓето со крвна група 0 би требало да избегнуваат кофеин и алкохол. Кофеинот може да биде особено штетен за нив бидејќи го зголемува нивото на адреналинот кое веќе е повисоко кај овие луѓе. За здрав живот, се препорачува да вежбаат од 3 до 4 пати неделно.