Предизвикување експлозија со моќта на умот
Телекинезата, односно можноста да се влијае на материјалниот свет исклучиво со моќта на умот, отсекогаш била голем предизвик за мистиците, но тие никогаш не успеале да постигнат позитивен резултат. Првите кои успеале во тоа се Крис и Бред, двајца интелигентни луѓе од Луизвил, САД, барем кога во прашање е експлозија на лубеница.Експлозијата ја постигнале благодарение на посебен уред кој сами го конструирале. Уредот користи електроенцефалограф (ЕЕГ), кој ги регистрира електричните бранови во мозокот. Кога ќе регистрира одредено ниво на концентрација, направата реагира на тоа и ја распарчува лубеницата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.