Пред и потоа: Прв школски ден
Сите ние знаеме дека постојат 2 начина на кои можете да се чувствувате за првиот школски ден. Тие се одлично доловени на следнава слика:
Но, дали сте знаеле дека е можно да ги чувствувате и двете нешта за време на истиот ден? Френки Мејер е жив доказ за тоа.
На оваа фотографија можеме да ја видиме 5-годишната Мејер, дотерана и насмеана, а нејзиниот израз на лицето ни покажува дека не може да биде посреќна за првиот ден на училиште.
„Таа беше навистина возбудена што ќе започне со училиште и уште повозбудена затоа што ќе се вози во автобус“, објаснува нејзината мајка.
Но, на следнава фотографија можеме да ја видиме Мејер по училиште, која изгледа како да поминала низ сито и решето и да видела нешта за кои никогаш не би сакала да зборува.
Луѓето исто така забележале дека на втората фотографија недостасувале јакната и машната која ја имала во косата – што само дополнително придонесува за нејзиниот изморен изглед. Но, нејзината мајка потврдила дека тие биле уредно спакувани во нејзиниот ранец.
Иако фотографиите се многу забавни и без сомнение ќе повикаат насмевка на вашето лице, сепак нејзината мајка објаснила дека таа имала одличен прв школски ден.
„Таа всушност беше многу среќна кога слегуваше од автобусот, но камерата случајно го сними нејзиниот лик во совршената експресија за да може да се направи оваа шега. Таа всушност има навистина забавни фацијални експресии, особено ако ја фатите неподготвена. Френки го обожава училиштето, како и целото искуство, па возбудено ни раскажуваше за сите нови пријатели. Таа исто така и едвај чека да оди пак.“