Пред и потоа: фотографии од домашни миленичиња кои пораснале
Домашните животни и луѓето делат посебна врска кога растат заедно, а тоа може одлично да се види на наредниве неколку фотографии од сопствениците со своите миленичиња.
Бидејќи нивниот животен век е пократок, кучињата, мачките и другите домашни миленичиња многу брзо растат. За само неколку месеци, тоа слатко и трапаво кутре, кое се сопнувало од своите мали шепички, ќе порасне и ќе се движи покрај вашите нозе со ентузијазам, барајќи од вас постојано да си играте со него. И за само уште неколку месеци потоа ќе ја достигне и својата зрелост. Нивното присуство ни дава посебна перспектива на промените во животот, а исто така ни помага и да го цениме фактот дека тие се постојано покрај нас како наши верни придружници.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.