Празникот на чудата – Велигден

Празникот на чудата – Велигден

Автор: Мандевска Бојана

„Христос воскресна! – Навистина воскресна!“ Тоа е поздравот со кој  во наредните денови православните христијани ќе се поздравуваат меѓусебно. Велигден е празник над празниците или празник на чудата. Ден кога се слави Христовото воскресение и победата на доброто над злото.Празникот на чудата – ВелигденГлавна симболика на овој празник се јајцата. Жените од секое православно семејство утрото на Велики четврток ги фарбаат (вапсуваат) првите јајца во црвена боја, и со нив ги тријат децата  по образите или им исцртуваат крст по челата за здравје. Останатите јајца се бојат во различни бои и се цртаат, сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПостојат многу митови и легенди за тоа како црвените јајца станале симбол на овој празник. Главен обичај за овој празник е дарувањето велигденски јајца, притоа водејќи сметка секој член на семејството и гостин да добие јајце со одреден симбол.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденМомчињата и девојките се даруваат со јајца со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, додека пак на малите деца во водата во која се бањаат им се става по едно црвено јајце за да ги заштитува и да ги дарува со здравје. Се верува дека фарбаните јајца имаат голема моќ, па дури и нивната лушпа се смета дека има заштитна функција. Фарабаните јајце се ставаат во кошница со слама со цел таа да наликува на птичјо гнездо.Празникот на чудата – ВелигденНоќта на Велика сабота или во недела наутро се оди во црква на велигденска литургија и тие коишто постеле земаат причеста. Потоа во кругот на семејството се поставува неделен празничен ручек на кој се служи познатата велигденска салата, печен зајак или јагне, се пие црвено вино и се јаде велигденски леб.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденНо, пред да се почне со славењето и празнувањето на Велигден, неизбежно е велигденското чистење и кречење на домот. Со чистењето семејствата ги отстрануваат сите непотребни работи кои го спречуваат слободното циркулирање на позитивната енергија во домот и ослободуваат простор за нова подобра енергија која самиот празник ја дава. Украсувањето и средувањето на домот во велигденска атмосфера е прекрасен момент. Нека следните слики бидат инспирација за вас, нека ја разбудат вашата креативност во уредувањето на домот и велигденската трпеза.Празникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденПразникот на чудата – ВелигденНека ни е вечен и честит празникот!


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар