Закони за јадење и пиење до кои се придржуваат Италијанците

Закони за јадење и пиење до кои се придржуваат Италијанците

Ако готвите во некој италијански дом, тешко ќе најдете билни и сончогледови масла. Готвењето со маслиново масло е обврска, храната се спрема со него и тоа е тоа.

Било да станува збор за спремање тестенини, точење на вино или едноставно уживање во животот, Италијанците изгледаат како некој што добро знае што прави. Секако, тие традиции се стварале со векови, но ако сакате да бидете како Италијанците, тогаш обавезно држете се до следните точки.

Закони за јадење и пиење до кои се придржуваат Италијанците

Купување намирници на пазар

Пазарот е најдобар пријател, бидејќи таму се наоѓаат најсвежите производи. Секако можете да најдете супермаркети и во Италија, но ако барате свеж домат, сирење кое едвај чекате да го пробате или домашно маслиново масло, ќе морате да се упатите кон пазарот. Не мора да се секирате, низ државата има многу пазари, а некои работат и по цел ден.

Сезонски намирници

Добар дел од намирниците, ако сакате да бидат квалитетни, врзани се за временскиот период. Ако сакате најдобар домат, треба да го барате од мај до октомври. Ако барате маслинки, најдобри се во доцна есен.

Маслиново масло

Ако готвите во некој италијански дом, тешко ќе најдете билни или сончогледови масла. Готвењето со маслиново масло е обврска, храната се спрема само со него.

Виното одговара со храната

Италијанската култура за пиење е тесно поврзана со културата на јадење. Тешко ќе најдете Италијанец кој нарачал тестенини, а пред тоа нарачал вино. Не, ќе почека да пристигне храната, бидејќи едно без друго се незамисливи.

И трпезното вино е добро

Иако домашното вино некогаш има негативен предзнак, во Италија тоа најчесто не е случај. Кога ќе ви понудат вино во ресторан, тоа е прилично поволно, а се тоа е бидејќи виното не е флаширано, нема етикета и слично. Но, се работи за многу добро вино кое го пие и самиот домаќин.

Храната е за семејството

Италијанците се доста поврзани за семејството, што најдобро се гледа на неделниот ручек. Тогаш се собираат големи фамилии, кои со храна и пиење се дружат до доцните часови. Значи, храната има и улога на поврзување.

Прочитајте и дали ова е најубавиот регион во Италија?


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар