Правила според кодот на мажите

Правила според кодот на мажите

Мажите мора да се однесуваат според правилата кои важат за сите мажи. Никаде не се официјално напишани, ама оние кои ќе ги прекршат, сигурно ќе доведат некого во незгодна ситуација, а веројатно и себеси. Еве 15 правила според „кодот“ на мажите кои се споделени на Твитер со хаштагот #GuyCode. Слободно дополнувајте…

Правила според кодот на мажите

1. Доколку има слободни места за мочање во тоалетот, никогаш не застанувај до она кое во моментот го користи друг.

2. Во сала со 200 седишта, никогаш не седнувај до друго лице од машки пол.

3. Мажите не треба да носат унисекс чизми.

4. Никогаш не му стискај „Poke“ на друг маж на Фејсбук.

5. Не е ОК мажи да носат тесни пантолони („уз нога“).

6. Ако се најдеш на забава каде сите се мажи, слободно напушти го местото. Не мора да придонесуваш за проблемот.

7. Немој да остваруваш контакт со очи со друго машко додека јадеш банана.

8. Никогаш не зборувај со машко на телефон подолго од 2 минути, освен ако не сте се виделе подолго од 2 месеци.

9. Брадата треба да биде небричена барем еднаш или два пати во неделата.

10. Кога девојка ти ќе ти каже дека вечерта ќе излегува со други девојки, кажи ѝ дека и ти ќе го правиш истото. Види како ќе изреагира :).

11. Само жени фарбаат коса.

12. Не излегувај со девојка која го менува нејзиниот статус на Фејсбук почесто од долната облека.

13. Доколку на пријател му забележиш трепка на лицето или пердув во косата, во никој случај не посегнувај да го отстраниш страното тело.

14. Мора да се нафураш на вежбање, барем еднаш во животот.

15. Освен ако твојот другар немал секс со твојата девојка, мора да го избавиш од неволја.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. aaa Reply

    sami go smislivte ova?!

Остави коментар