Праски во секси гаќички
Кинеските продавачи на овошје се сетиле на еден интересен, но контроверзен изум – тие ги „пакуваат“ праксите во минијатурни секси гаќички од тантела и така ги продаваат со цел да бидат поатрактивни за потрошувачите. Иако некои сосема ги одвраќа идејата да купуваат овошје во долна облека, за многумина сепак ова е интересна маркетинг идеја на која со задоволство подлегнуваат.
Гаќичките умешно се навлекуваат така што вдлабнатиот раб на праските да доаѓа на средината, на тој начин симулирајќи мал задник. Вака облечените праски се нарекуваат Ripe Fruit (Зрели, спремни овошки) и се продаваат по 498 јуани (3.700 ден.) за кутија од 9.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.