Прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценија

Прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценија

Можеби секој ден наоѓате причини зошто би се вклопите подобро во 80-тите. Никој не може да го разбере вашето мислење дека тие денови навистина биле подобри. Ако сте родени во погрешната деценија, речиси сигурно ќе одговорите со „Да“ на овие прашања.

Прашања кои ќе ви помогнат да откриете дали сте родени во погрешна деценија

1. Дали сакате винтиџ облека?

Ако одговорот е да, веројатно сте професионалец во наоѓање стари парчиња облека. Всушност, можно е и често да добивате коментари за вашата облека, дури и на најобично попладне. Сигурно на пријателите не им е јасно кога одите на шопинг и кога ќе се израдувате за некое винтиџ парче облека само затоа што е ретко.

2. Дали го мразите модерното состанување?

Дали сметате дека онлајн состанувањето е ужасно? Ако одговорот е да, сигурно не сакате да го пронајдете вашиот партнер преку екран. Но дури и ако ја избегнувате технологијата, речиси никој не оди на вистински состаноци. Вие сакате да танцувате на улицата, да се бакнувате во забавен парк и да имате романтична вечера во некој убав ресторан. Навистина сте среќни ако некој ви ја отвори вратата и ако ви направи плејлиста од омилените песни.

3. Дали имате полароид камера?

Додека сите пријатели прават фотографии за социјалните мрежи, вие уживате во вистинските фотографии. Сакате да можете да ги држите во рака и не ви е проблем што треба да почекате за да ги видите. Сигурно не ви се допаѓа што денес речиси сè е инстантно. За вас гледањето низ објективот е речиси како патување нив времето.

4. Дали не ви се допаѓа модерната музика?

Модерната музика баш и не е за вас ако припаѓате на друга деценија. Сте поминале часови вртејќи ги радио станиците во вашиот автомобил обидувајќи се да бидете во тек со новите поп албуми. Но на крај повторно ги пуштате омилените песни од Битлси кои можат да ве вратат во времето. Ако некој ви даде влезница за класичен рок концерт, би ја прифатиле без двоумење. Голема е веројатноста да имате и плочи и неколку винтиџ маички со бендови.

5. Дали сакате стари филмови?

Филмските маратони со пријателите секогаш вклучуваат барем еден стар филм по ваше барање. Веројатно и имате неколку од нив дома. Ако одговорот на ова прашање е да, сигурно сте воодушевени од Одри Хепбурн и ги знаете сите реплики од „Казабланка“ и „Животот е убав“. Секогаш кога гледате настан на црвениот тепих сонувате за стариот Холивуд. Денес сте изморени од преработките на оригиналите.

6. Дали ја мразите најновата технологија?

Попрво би ја оставиле последната технологија и би се вратиле назад во времето. Помеѓу вашиот лаптоп, камера и телефон, навистина ви е тешко да бидете во чекор. Секогаш има нешто ново. Групните разговори се преполни со пораки, особено кога планирате нешто. На крајот се чувствувате навистина изморено. Вашите пријатели се навикнале на тоа дека повеќе сакате да им се јавите отколку да им напишете порака. Всушност, ако не е неопходен, веројатно целосно би се откажале од мобилниот телефон.

7. Дали сакате да танцувате?

За викендот само сакате излезете и да танцувате негде. Вашите пријатели секогаш сакаат да одат во клуб или во некој бар, но вие сте изморени од таа атмосфера. Покрај тоа, музиката не е по ваш вкус. Попрво би оделе на место каде што можете да танцувате до утринските часови.

Можеби навистина ќе се израдувате кога ќе дознаете дека модните трендови од 80-тите ќе бидат хит ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар