Познатите во споредба со луѓе од минатото на кои премногу наликуваат
Се верува дека секој од нас има двојник некаде во светот и според оваа стара урбана легенда, нашиот двојник живее на спротивната страна од Земјината топка во однос на нас. Веројатно, ова не е точно верување, но во рационална смисла на зборот може да се каже дека постојат шанси, некој човек кој живеел во минатото, да изгледа исто како што ние изгледаме денес.
Токму ова го докажуваат фотографииве од познатите фаци, во споредба со нивните двојници од минатото. Неверојатно е колку некои од нив се навистина слични. Погледнете го само Џастин Тимберлејк, кој е речиси идентичен со некој маж кој живеел во 1800-тите години или Доналд Трамп во споредба со американскиот генерал Џорџ Патон, кој учествувал во Втората светска војна.

Елен Деџенерис и американскиот поет и филозоф Хенри Дејвид Торо

Меги Џиленхал и американската новинарка Роуз Вајлдер Лејн

Џастин Тимберлејк и некој непознат криминалец на полициска фотографија

Џон Траволта и некој непознат човек од 1860-тите

Американскиот генерал Џорџ Патон и Доналд Трамп

Американскиот генерал Даглас Мекартур и Брус Вилис

Винсент Ван Гог и Чак Норис

Турскиот револуционер Махир Чајан и шоуменот и комичар Џими Фалон

Актерот Пол Џијамати и Вилијам Шекспир

Џек Блек и Севилскиот берберин

Николас Кејџ и маж од ерата на Граѓанската војна

Џеј Зи и непознат маж од њујоршкото соседство Харлем

Чарли Шин и противникот на ропството Џон Браун

Алек Болдвин и бившиот претседател на САД Милард Филмор

Кијану Ривс и францускиот сликар Луи-Морис Буте де Монве

Оскар Вајлд и Хју Грант

Томи Ли Џоунс и бившиот претседател на САД Ендру Џонсон

Руперт Гринт и шкотскиот сликар Сер Дејвид Вилки

Јосиф Сталин и Борат
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.