Познатите со нивните симпатични миленичиња
„Набиениот“ работен распоред не ги спречува ниту најуспешните луѓе во светот да ја покажат својата љубов кон животните. Некои од нив се премногу блиски со своето милениче и повеќе личат како да се милуваат со љубовен партнер, а не со животно, други имаат чуден избор на животинче-пријателче, а трети ги користат помалите мирни животинки како моден детаљ со кој се прават важни во јавноста. Погледнете за што станува збор.
Кети Пери очигледно негува голема љубов кон ова мило кенгурче. „Аха, се љубам в уста со кенгур.“ – објавила поп ѕвездата на Твитер, на 12 мај.Првото куче на сопрузите Барак и Мишел Обама, дефинитивно го одржува во фит форма овој брачен пар. Претседателот на САД и првата дама, се држат за раце додека го бркаат нивното куче Бо на јужниот тревник крај Белата куќа минатиов јуни, чија раса е португалско водно куче.Џастин Бибер очигледно почнал да се интересира за водниот животински свет. „Во друштво со мојот нов пријател“ – твитна поп ѕвездата на 8 септември.
Актерката Ен Хатавеј можеби е зафатена со снимањето на филмот „The Dark Knight Rises“ во кој таа ја глуми улогата на жена-мачка, но на крајот од долгиот ден, таа отишла со нејзиното куче Есмералда на прошетка во Пистбург, на 5 август.Дрскиот фраер од ТВ серијата Gossip Girl (Озборувачка) Ед Вествик, го шета неговото куче додека е на снимање во Њујорк, на 14 септември.Секое куче има право на свој посебен ден! Присуствувајќи на настанот „Божиќ за миленичиња“ во месец јули, кој е наменет за промоција на подароци за миленичиња, а чии гости се само VIP фаци, Денис Ричардс решила додека е таму, да нахрани едно среќно кутре.Музичарот Елтон Џон се спријателува со делфинот Лили, кој се наоѓа во Аквариумот Џорџија, а неговиот маж Дејвид Фурниш и деветмесечното бебенце се смешкаат во позадина.Можеби „очајната домаќинка“ Ева Лонгорија е од неодамна сингл жена, но неа очигледно во моментов не ù е потребен маж кој ќе ù прави друштво. „Примање малку љубов од Џинкси!“ – твитнала актерката на 1 февруари.Ѕвездата на ТВ серијата „How I Met Your Mother“ (Како ја запознав мајка ви) Ниел Патрик Херис заедно со неговиот партнер Дејвид Буртка имаат две бебиња и две кучиња. Новите татковци дискретно ги носат близнаците Харпер Грејс и Гидеон Скот, додека ги шетаат нивните кучиња низ Лос Анџелес на 30 јануари.Хилари Даф релаксирано си возела велосипед покрај езерото Толука во Калифорнија на 12 август, заедно со нејзиниот јоркширски териер кој се вика Јак.Аманда Сејфрејд му покажала нежност на своето куче Фин, во Лос Анџелес, во февруари 2010. Таа изгледа обожува да се бакнува на француски начин, со нејзиното куче, кое е од расата австралиски овчар.По сè изгледа бившата сопруга на Рајан Филипе, Рис Витерспун си имала слободен ден само за себе. Посветениот татко, ги прошетал неговите две деца Ева, 11, Дикон, 7 и семејното куче, во Беверли Хилс на 13 март.Дру Баримур многу се зближила со едно необично, влакнество суштество – мало слатко меченце, додека била на фестивалот Синема Кон, во Лас Вегас, на 30 март.Мараја Кери има дури пет крзнени пријателчиња кои ù помагаат да го намали стомачето после раѓањето близначиња во април. Таа ја споделила оваа слика на нејзиниот Твитер профил на 20 август со наслов „Џогирање во кучешки стил“.Дефинитивно најинтересна „алка“ на МТВ видео музичките награди имал Џастин Бибер. На свеченоста, тој бил во присуство на неговата подобра половина Селена Гомез, а бидејќи не сакал да прошета сам по црвениот килим, решил со себе да го понесе неговото милениче – змијата Џонсон.За 25-от роденден, родителите на Кели Озборн, Ози и Шерон, ù купиле совршен поклон – неверојатно слатко кутре, кое го собира во една рака. „Сè ми разместува“ – твитнала Кели, кога го добила нејзиниот малечок померанец. Во секој случај, малиот бељаџија ù послужил како одличен моден детаљ, во текот на модната недела во Њујорк, во февруари 2010.Актерката Рејчел Блисон, која ја запознавме преку нејзината улога во ТВ серијата „Округот Оринџ“, првоаприлското попладне, го поминала шетајќи низ Лос Анџелес, заедно со нејзиното симпатично пријателче.Кој вели дека момците како Фифти Сент не знаат да бидат нежни? Тој ја твитнал оваа фотографија од него и неговото повредено кутре, во септември 2010.
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.