Познати личности позираат покрај нивните восочни фигури и фотографиите се урнебесни!
Не грижете се, немате проблеми со видот! Овие восочни фигури од Мадам Тисо се толку реалистични што можеби ќе помислите дека ви требаат очила, особено кога оригиналите ќе застанат до нив. Погледнете ги следниве интересни фотографии од познати личности кои позираат до нивните восочни фигури и обидете се да препознаете која е вистинската верзија…
Бети Вајт
Оригиналните „Златни девојки“.
Фарел Вилијамс
Екипата од Мадам Тисо потрошила 4 месеци за да го изработи ова ремек-дело и мора да признаеме дека трудот не бил залуден! Можете ли да препознаете кој е вистинскиот Фарел?
Џејн Линч
Сју Силвестер во восочна форма изгледа исто толку страшно колку и вистинската верзија.
Џон Хем
Дон Дрејпер го фотобомбардира Дон Дрејпер како во необичен сон од „Луди мажи“ (Mad Men).
Рајан Рејнолдс
Вистински другарчиња!
Продолжете на следната страница за останатите фотографии…