Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Овие познати личности кои признале дека се зависници од секс спиеле со по 80 жени месечно! Станува збор за сериозна зависност што може да доведе до смртоносни заболувања, лоши навики, разводи и уништен живот. Ова се познатите личности кои имале проблем токму со оваа зависност…

Мајкл Даглас

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Во биографијата што ја објавил во 2012 година, Мајкл Даглас ја признал неговата зависност од секс. Тој поминал одредено време на клиника за одвикнување поради оваа зависност, а овој проблем бил и една од причините за неговиот прв развод. Во едно интервју, тој изјавил дека татко му, Кирк Даглас, се гордеел со фактот што син му е сексуален зависник.

Чарли Шин

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Чарли Шин е познат како лошото момче од Холивуд, а тоа се должи на неговиот бурен сексуален живот. Уште кога имал 25 години, тој се пријавил во една клиника поради овој проблем, но никогаш не успеал да го реши. Неговиот брак со Дениз Ричардс се распаднал поради неговата сексуална зависност, а секоја негова наредна врска била осудена на неуспех поради овој проблем. Глумецот пред 2 години откри дека е ХИВ позитивен.

Роби Вилијамс

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Роби Вилијамс се смири откако стапи во брак, но претходно имаше големи проблеми со дрога и алкохол. Се верува дека зависниците заменуваат една зависност со друга, па така музичарот ја заменил зависноста од дрога и алкохол со зависност од секс.

„Се откажав од дрогата и алкохолот и сакав да го заменам тоа со нешто друго, па затоа имав многу секс. Но, не наоѓав среќа во тоа“, изјавил пејачот.

Дејвид Духовни

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Дејвид Духовни ѝ е познат на јавноста како детективот Молдер од „Досие Икс“, но и како писателот Хенк Муди од ТВ серијата „Калифорникација“ кој беше зависник од алкохол и жени, исто како и глумецот. Тоа му го уништи долгогодишниот брак со Теа Леони.

„Доброволно се пријавив во клиника за лекување зависност од секс“, изјавил глумецот во 2008 година по разводот со сопругата.

Џек Николсон

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Глумицата Ким Бесинџер го изјавила следново за Џек Николсон „Тој е луд. Никогаш не сум запознала човек кој е толку опседнат со сексот“. Ни самиот глумец не крие дека го обожава сексот, бидејќи кога му било поставено прашањето колку деца има, тој одговорил на следниов начин:

„Можеби имам и 9.000 деца, бидејќи некогаш живеев прилично слободно и никогаш не ми беше доста од жени. Имаше денови кога завршував во кревет со 4 или повеќе жени.“

Расел Бренд

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Расел Бренд има богат сексуален живот исто како и Џек Николсон. Овој глумец наводно има и свој тим на луѓе кои му бараат жени за секс. Тој не крие дека е зависен од секс и тврди дека некогаш има спиено со 80 жени месечно.

Тајгер Вудс

Познати личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот

Тајгер Вудс од спортска икона многу брзо се претвори во пропаднат спортист и зависник од секс. Оваа зависност му го уништи бракот со Елин Нордегрен, а подоцна признал дека зависноста од сексот била посилна од него и не можел да се сопре, па затоа, по разводот и бројните афери што испливале на површина, Вудс побарал стручна помош.

Во продолжение, дознајте кои холивудски ѕвезди страдаат од смртоносни и неизлечиви болести.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар