Познати личности кои ја започнале својата кариера во филмови за возрасни
Секој почеток е тежок. Тоа им е познато и на некои од најголемите ѕвезди во Холивуд кои ја започнале својата кариера во порно индустријата. Не знаеме дали денес се срамат од тоа или не, но сигурни сме дека не се каат поради тој потег, бидејќи токму филмовите за возрасни им послужиле како отскочна штица за успехот во којшто уживаат моментално. Прочитајте за кои ѕвезди станува збор…
Мет Лебланк
Пред да ја добие улогата на Џои во популарната ТВ серија „Пријатели“, Мет Лебланк глумел во популарниот еротски серијал „Дневниците на црвените чевли“ (Red Shoe Diaries).
Камерон Дијаз
Холивудската миленичка, Камерон Дијаз, за прв пат го покажала своето прекрасно тело пред камера на 19-годишна возраст. Таа се појавила потполно гола во видеото „Таа не е ангел“ (She’s No Angel). Видеото привлекло големо внимание, но Камерон очигледно сакала кариерата да ѝ тргне во поинаква насока, па затоа го тужела творецот на видеото, а тој завршил зад решетки. На огромно задоволство на нејзините обожаватели, видеото сепак се појави на Интернет.
Џеки Чен
Легендата на кунг-фу филмовите, Џеки Чен, не глумел само во акции и комедии. Имено, во 1975 година тој имал улога во порно филмот „Сите во семејството“ (All in the Family).
Дејвид Духовни
Пред да ја добие улогата на агентот Молдер која го прослави благодарение на ТВ серијата „Досиеја Икс“, Дејвид Духовни не глумел само сериозни ликови оптоварени со постоењето на вонземјаните. Имено, тој исто како и Мет Лебланк бил дел од серијалот „Дневниците на црвените чевли“.
Силвестер Сталоне
Пред да стане познат како Роки и Рамбо, Силвестер Сталоне глумел во еротскиот филм „Забава кај Кити и Стад“ (The Party at Kitty and Stud’s). Дејството во филмот се случува на една забава која се претвора во оргија, но филмот не привлекол големо внимание. Меѓутоа, во 1976 година Сталоне станал славен благодарение на филмот „Роки“ и тогаш еротскиот филм повторно почнал да се прикажува во киносалите за возрасни под името „Италијански пастув“.
Хелен Мирен
Една од најпознатите светски глумици, Хелен Мирен, во 1979 година глумела во филмот „Калигула“, адаптација на римски еп, кој на крајот бил забранет поради контроверзното сценарио. Поголемиот дел од луѓето кои го гледале филмот велат дека изобилува со порнографска содржина.
Во продолжение, прочитајте нешто повеќе за познатите личности кои си го уништиле животот поради зависноста од сексот.