Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

Живеењето со ментална болест е често искуство кое води кон изолирање, без разлика на фактот што стотици милиони ширум светот секојдневно се соочуваат со истите проблеми. Осаменоста е најчесто резултат од познатите стигми кои ги следат болестите како депресијата, анксиозноста и биполарното нарушување. Може да биде тешко да се зборува за симптомите на менталната болест, дури и со доктор, но токму тоа е патот кон исцелување. За среќа овие познати ѕвезди искрено зборуваат за своите психолошки проблеми со цел да ги намалат стигмите и да ви покажат дека не сте сами.

1. Адам Левин, синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност

(1) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Кога прв пат ми дијагностицираа синдром на дефицит на вниманието и хиперактивност, тоа не беше големо изненадување бидејќи имав потешкотии при фокусирањето во средно училиште. Исто така мислам дека и ден-денес луѓето секојдневно го забележуваат овој синдром кај мене. Кога не можам да обрнам внимание, навистина не можам да обрнам внимание.“

2. Леонардо Дикаприо, опсесивно-компулсивно нарушување

(2) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Се сеќавам кога моите мејкап артистка и асистентка одеа покрај мене кон сетот и велеа, ‘Ох Боже, ќе ни требаат 10 минути да го одведеме таму бидејќи тој мора да оди наназад и да згазне на она нешто, да ја допре вратата, да влезе и повторно да излезе.’“

3. Хајден Панетиер, постнатална депресија

(3) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

Постојат многу недоразбирања – има луѓе кои сметаат дека тоа не е вистинско, дека не постои, дека нешто е измислено во нивните умови или пак, дека хормоните се виновни. Па, го отфрлаат. Но, тоа е нешто што не може да се контролира. Навистина е болно и навистина е страшно и на жените им е потребна голема поддршка.“

4. Деми Ловато, биполарно нарушување вид 2

(4) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Се сеќавам дека седев со мојот менаџер и моето семејство и разговаравме за тоа дали јавно да ги споделам проблемите со кои се соочувам. Знаев дека постојат две можности: или немаше да зборувам за мојата рехабилитација и ќе се надевав дека сè ќе исчезне или ќе зборував за неа и ќе инспирирав многу луѓе да побараат помош за нивните проблеми, па токму тоа и го направив.“

5. Вил Витон, депресија и генерализирано нарушување на анксиозноста

(5) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Вие не сте единствената личност на овој свет која има анксиозност. Вие не сте единствената личност на овој свет која има депресија. Вие не сте единствената личност на овој свет која има мисли за самоповредување. Постојат луѓе кои сакаат да ви помогнат. Постојат луѓе кој го поминале целиот свој живот помагајќи им на луѓето како мене и тебе и сите останати кои ги гледате во ова видео. И вие не сте сами. Вие сте ОК.“

6. Оливија Мун, анксиозност и трихотиломанија

(6) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Не ги гризам моите нокти, но ги откорнувам трепките. Тоа не боли, но е навистина иритирачко. Секој пат кога ќе излезам од куќата мора да застанам некаде и да купам цел сет вештачки трепки.“

7. Британи Сноу, депресија, телесна дисморфофобија и нарушување во исхраната

(10) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Кога имав 19 години конечно отидов во болница за депресија и самоповредување. Не бев личноста која сакав да бидам и знаев дека нешто не е во ред. Терапевтот ме дијагностицираше со анорексија, булимија со вежбање (наместо повраќање, јас поминував многу часови во теретана), депресија и телесна дисморфофобија.“

8. Џеред Падалеки, депресија

(7) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Дијагнозата за депресија ме удри како торба со цигли. Мислам, имав 25 години. Имав сопствена ТВ серија. Имав кучиња кои ги сакав и тон пријатели, додека истовремено добивав восхит од фанови и бев среќен со мојата работа. Но, нешто немаше смисла и не можев да сфатам што. Депресијата не ги напаѓа само оние кои не можат да најдат работа или не можат да се вклопат во општеството.“

9. Кетрин Зета Џонс, биполарно нарушување вид 2

(8) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Никогаш не сакав да бидам толку отворена за тоа како што бев. Имам британски менталитет, тоа не беше нешто за кое сакав да викам од кров. Но, кога се расчу, знаев дека не бев единствената личност која страда од тоа или единствената која мора секојдневно да се соочува со тоа. Па, ако помогнав на кого било со разговорите за билполарното нарушување или депресија, тоа е одлично.“

10. Дејвид Бекам, опсесивно-компулсивно нарушување

(9) Познати ѕвезди отворено зборуваат за своите ментални проблеми со цел да овозможат поддршка за оние кои страдаат

„Ќе влезам во хотелска соба. За да можам да се опуштам, мора да ги наредам сите памфлети и книги во фиока. Сè мора да биде совршено.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар