Познати дами на кои пластичната хирургија им ја уништила кариерата
Многу жени кои не се задоволни од својот изглед решаваат да направат пластична операција. Меѓутоа, тоа понекогаш е многу лоша одлука и може да остави сериозни последици на здравјето и квалитетот на животот. Следниве познати дами се доказ за тоа, бидејќи токму пластичната хирургија ставила крај на нивната кариера.
Лара Флин Бојл
Многумина ја сметаа за Лара за една од најталентираните актерки од својата генерација. Таа стана славна преку ноќ, благодарение на улогата Дона Хајвар во култната ТВ серија „Твин Пикс“ (Twin Peaks). По неколкуте филмски улоги добила прилика да отиде на аудиција за главна улога во ТВ серијата „Али Мекбил“. Иако улогата на смешната адвокатка на крајот ѝ припаднала на Калиста Флокхарт, авторот на серијата, Дејвид Кели, бил толку импресиониран од аудицијата на Лара што посебно за неа го создал ликот Хелен Гембл во неговата друга хит серија „Правда за сите“ (The Practice).
Нејзината физичка преобразба започнала во 2001 година кога ги зголемила усните за прв пат. Според многу обожаватели, нејзините црти на лицето биле апсолутно совршени, но изгледа Лара не го мислела истото и за жал продолжила со корекциите, поради кои денес таа се има сосема изобличено. Тоа се одразило и на нејзината кариера. Работните понуди значително се намалиле, па почнала повремено да се појавува во мали проекти, а од 2014 година до денес нема остварено ниту една филмска и телевизиска улога.
Мелани Грифит
И Мелани Грифит ја снашла истата судбина. Актерката неодамна изјавила дека не ни била свесна колку ѝ се променило лицето поради драстичните корекции сѐ додека не ги чула критиките за нејзиниот изглед.
„Ништо не знаев додека луѓето не почнаа да велат ’Боже, што направила од себе?’. Се чувствував повредено. Отидов кај друг доктор и тој почна да ги вади сите глупости што претходната докторка ми ги имаше ставено во лицето. Се надевам дека сега изгледам понормално“, искрено признала Мелани.
Џенифер Греј
Џенифер Греј е дефинитивно најдобар пример за актерка која си ја уништила кариерата поради непотребните корекции. Ѕвездата од култниот романтичен филм „Валкан танц“ (Dirty Dancing) одлучила да го оперира носот непосредно по успехот на филмот и набрзо горко зажалила.
„Влегов во хируршката сала како ѕвезда, а излегов како потполно анонимна личност. Тоа беше операција на носот од пеколот. Засекогаш ќе бидам онаа славна актерка која никој повеќе не ја препознава поради операцијата на носот“, изјавила Џенифер.
Џенифер сакала да биде убава според конвенционалните стандарди и затоа се одлучила на корекција на носот, но од хируршката сала излегла како комплетна нова личност која го изгубила она што ја правело препознатлива. Нејзиниот нос не бил ниту „грд“, ниту преголем, туку уникатен и посебен, но актерката признава дека предоцна го сфатила тоа и дека операцијата е најлошата одлука што некогаш ја донела.
Мег Рајан
Во 90-тите години од минатиот век, ниту една романтична комедија не можеше да очекува голем комерцијален успех без омилената холивудска актерка Мег Рајан. Меѓутоа, сѐ поретко ја гледаме Мег на филмското платно, бидејќи таа подлегна на голем број естетски операции поради кои сега не личи на себе.
„Не се само усните во прашање. Носот е поинаков, исто како и јагодичките, ботоксот е повеќе од очигледен. Луѓето не сфаќаат дека постои зависност од пластичната хирургија. Таа не е единствениот пример. Обично, на тој начин луѓето се обидуваат да решат некој вид лично незадоволство“, изјавил еден познат холивудски пластичен хирург.
Џенис Дикинсон
Џенис Дикинсон била најплатената светска манекенка во 70-тите години на минатиот век и била прогласена за првиот супермодел. Но, како што стареела, така сѐ повеќе подлегнувала на пластични операции, додека не си го уништила добриот изглед. Дикинсон гостувала во многу реални шоуа каде што биле прикажани нејзините многубројни операции. Некогашната модна икона и секс симбол, денес служи како предупредување за младите девојки кои сакаат да ги поправат своите недостатоци по пат на пластични операции.
Ако овие примери не ви беа доволни, погледнете што се случува кога пластичната операција ќе тргне наопаку…