Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

Познат психолошки експеримент покажува како другите луѓе ве гледаат и доживуваат

Ако можевте да влезете во главата на случајните минувачи и да се погледнете себеси од нивните очи, тогаш многу лесно би можеле да дознаете како другите луѓе ве доживуават. На пример, дали тој фустан ве прави да изгледате послаби? Дали новата кошула ги истакнува позитивните аспекти од вашето тело? Ние можеме само да ги замисливме одговорите, но сер Франсис Галтон спровел цел експеримент на оваа тема и бил изненаден од добиените резултати. Па, за што точно станува збор?

Познат психолошки експеримент покажува како ве гледаат и доживуваат другите луѓе

Еден ден, сер Франсис Галтон решил да направи интересен експеримент. Пред да започне со неговата секојдневна прошетка низ улиците на Лондон се убедил себеси дека е одвратен човек и дека сите во Англија го мразат. Тој се фокусирал на оваа мисла неколку минути и потоа тргнал на својата редовна прошетка. Но, таа воопшто не била обична, како и претходните.

Тој доживеал непријателски став полн омраза од случајните минувачи без некоја видлива причина. Многу луѓе едноставно се тргале од него, додека неколку пати можел да чуе и погрдни зборови од нив. Кога Галтон поминувал покрај пристаниште, еден од тамошните работници го удрил толку силно со својот лакт, што тој паднал долу во калта.

Изгледа дека дури и животните биле непријателски настроени кон него. Кога Галтон поминал покрај питом коњ, животното го удрило кутриот човек толку силно што тој повторно паднал наземи. Психологот се обидувал да поттикне симпатија од очевидците, но за негово изненадување, луѓето почнале да го бранат коњот. Галтон веднаш решил да се врати дома бидејќи не сакал неговиот квази-експеримент да му донесе посериозни последици.

Оваа приказна може да се прочита во многу психолошки книги. Но, не станува збор за магична материјализација на мислите. Кога Галтон се фокусирал на неговата опасна мисла за себеси, тој почнал и да се однесува во согласност со неа. Неговите манири и фацијални експресии се промениле, давајќи им на сите до знаење дека тој знае каков однос заслужува од останатите.

Постојат 2 многу важни заклучоци од оваа приказна:

  1. Вие сте оние кои верувате дека сте. Променете ги вашите мисли и ќе се смените себеси, како и односот на другите луѓе кон вас.
  2. Нема потреба да им кажувате на другите за вашата емоционална состојба. Тие самите ќе ја почувствуваат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар