Познат фризер ја открива вистинската причина зошто Меган Маркл постојано носи пунџа
Војвотката од Сасекс е позната по убавата и негувана коса. Вниманието на јавноста го привлекоа нејзините пунџи кои во последно време ги носи непрекинато. Меган Маркл има силна причина за тоа, а нејзиниот фризер открива за што станува збор.
Меган Маркл на повеќето јавни настани после породувањето се појавува со коса собрана во коњско опавче или пунџа. Познатиот фризер Џејмс Џонсон открива дека оваа гламурозна фризура всушност е паметен трик со кој војвотката го спречува опаѓањето на косата после бременоста.
„Ако косата е оштетена во текот на бременоста со врзување ќе се спречи понатамошното оштетување“, изјавил познатиот фризер.
Во бременоста се стопира циклусот низ кој косата поминува, и во тој период таа не паѓа. Меѓутоа, после породување паѓа цела коса што требало да падне за време на тие 9 месеци. Затоа Меган сега косата ја носи собрана на елегантен начин во пунџа за да го спречи понатамошното оштетување. Исто така оваа фризура е многу практична за во лето поради топлината.
Можно е и овие гламурозни пунџи да се начин на кој Меган се обидува да биде елегантна бидејќи неколкупати е критикувана за несредената пунџа што ја носела во јавноста.
Дознајте и како да ги носите тренди шнолите во вашата коса.