Позитивните луѓе живеат подолго
Едно истражување спроведено во САД покажало дека позитивниот став кон животот и смислата за хумор се наоѓаат помеѓу причините за долговечноста на многу луѓе.
Научниците од колеџот „Алберт Ајнштајн“ ја анализирале структурата на личноста и генетската наследност на 243 лица на возраст од 95 до 107 години. Се покажало дека долговечноста е поврзана со човековите особини, како екстравертност, оптимизам, полесното искажување на емоции и склоност кон смеење.
Според прибраните податоци во САД, дури 0,2% од населението имаат над 100 години, а бројот од година во година се зголемува. Некои претходни истражувања покажале дека структурата на личноста може да има големо влијание на физичкото здравје на поединецот. Спрема други процени на научниците, генетското наследство за една третина ги зголемува шансите за долговечност.
Токму затоа не заборавајте секој ден да го поминувате во смеа и во позитивна атмосфера.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.