Позитивни цитати од Боб Марли и летна реге плејлиста

Позитивни цитати од Боб Марли и летна реге плејлиста

Кој не го знае кралот на реге музиката? Неговата музика опушта, релаксира и вдахнува позитивност. Па додека на овие летни горештини уживаме со неговите реге хитови, ајде малку подетално да ги анализираме пораките за животот кои тој ги праќа.

Позитивни цитати од Боб Марли и летна реге листа

Опуштете се и релаксирајте се, Боб Марли ќе ве размрда со добри ритми и со по некоја поука за животот…

„Добрата страна на музиката – кога ќе те удри, не чувствуваш болка.“

„Кога се грижиш, твоето лице е намуртено, тоа ги онерасположува сите. Затоа, не грижи се, биди среќен!“

„Отвори ги очите и погледни подобро. Дали си задоволен со животот кој го живееш?“

„Мојата музика ќе трае вечно. Можеби звучи глупаво, но кога јас знам нешто, јас можам да го кажам тоа. Мојата музика ќе трае вечно.“

„Животот е еден голем пат со многу знаци, па кога возиш низ него не комплицирај. Бегај од омраза, зло и љубомора. Не си ги оптоварувај мислите и насочи ја визијата кон реалноста. Разбуди се и живеј!“

„Билката ја исцелува нацијата, алкохолот ја уништува.“

„Не труди се да го придобиеш светот и да си ја изгубиш душата. Мудроста е повредна од среброто и златото.“

„Во оваа светла иднина не можеш да го заборавиш минатото.“

„Не грижи се за ништо, сè ќе биде во ред!“

„Нема да ти недостига водата сè додека твојот бунар не пресуши.“

„Секој човек има право самиот да одлучи за својата судбина.“

„Кога си нерасположен и се караш секој ден, е исто како да му се молиш на ѓаволот.“

„Љубовта никогаш нема да нè напушти.“

„Кога трката станува тешка, тоа само значи дека не можеш да се прилагодиш на темпото.“

„Стани, исправи се, бори се за своите права. Не се откажувај од борбата.“

„Ако маче и куче можат да се здружат заедно, зошто ние не можеме да се сакаме меѓу себе?“

„Јас не сум лидер, туку гласник. Зборовите од песните, а не оној кој ги пее, се она што ги привлекува луѓето.“

Позитивни цитати од Боб Марли и летна реге листа

„Победи ги злите сили со она нешто наречено љубов!“

„Мојата музика се бори против системот, кој само ве учи да живеете и да умрете.“

„Колку е потешка битката, толку е послатка победата.“

„Јас имам само една амбиција, знаете. Има само една работа која навистина сакам да се случи, сакам да видам како луѓето од целото човештво живеат заедно – црни, бели, жолти, сите – тоа е сè.“

„Кога една врата се затвора, не знаете ли дека друга се отвора?“

„Вистината е дека секој ќе ве повреди. Само треба да ги најдете оние кои вредат за страдањето.“

„Вистината е навредлива, но не е грев.“

„Не суди друг, пред да се осудиш себеси. Не суди ако не си подготвен за осуда.“

„Си го отворате срцето знаејќи дека еден ден може да биде повредено. Отворајќи го, искусувате љубов и радост за кои не сте ни сонувале дека постојат. Ќе откриете дека да се биде ранлив е единствениот начин да почувствувате вистинско задоволство, толку вистинско што дури ве плаши. Ќе најдете сила во сознанието дека имате вистински пријател, а можеби и сродна душа, кои ќе ви останат верни до крајот на животот. Животот изгледа сосема различно, возбудлив е и вреди да се живее. Вашата единствена надеж и сигурност ќе ги најдете во фактот дека тие се дел од вашиот живот.“

„Ослободете се од ментално ропство. Никој освен самите ние, не може да ни ги ослободи мислите.“

„Моќта на филозофијата минува низ мојата глава… лесна како пердув, тешка како олово.“

„Можеби нема да бидеш нејзиниот прв, последен или единствен. Сакала пред тебе, а може да сака и по тебе. Но ако те сака сега, што друго е важно? Таа не е совршена – но не си ни ти, а вие двајца можеби никогаш нема да бидете совршени заедно, но ако те засмејува, те поттикнува да размислуваш подобро и признава дека е човечко суштество кое прави грешки, држи се до неа и дај ù го најдоброто што можеш.

Можеби не размислува за тебе секоја секунда од денот, но ќе ти даде дел од неа за кој е свесна дека може да го скршиш – нејзиното срце. Па не ја повредувај, не се обидувај да ја промениш, не ја анализирај претерано и не очекувај да ти даде повеќе од она што може. Насмевни се кога те прави среќен, нека знае кога те прави лут и нека ти недостига кога не е тука.“

„Кој си ти да го осудуваш мојот начин на живот? Знам дека не сум совршен и не живеам за да бидам. Но пред да почнеш да покажуваш со прст накај друг, осигурај се дека твоите раце се чисти.“

„Некои луѓе го чувствуваат дождот, другите само се наводенуваат.“

„Големината на човекот не е во тоа колкаво е неговото богатство, туку во неговиот интегритет и во способноста да влијае позитивно на оние околу него.“

„Подобро да умреш борејќи се за слобода, отколку да бидеш затвореник целиот твој живот.“

„Луѓето кои се обидуваат да го направат светот полош, не земаат слободен ден. Зошто би требало тоа да го направам јас?“

„Ветровите кои понекогаш ни го одземаат она што го сакаме се истите кои ни носат нешто што ќе научиме да го сакаме. Затоа, не треба да плачеме за нешто што ни било одземено, но да  го сакаме она што ни е дадено. Зашто она што е вистински наше, никогаш не е вечно загубено.“

„Твојот најголем непријател може да ти биде најдобар пријател, а твојот најдобар пријател, најлош непријател.“

Иако починал на 36 годишна возраст, остава причина да биде запаметен ширум целиот свет. На патот назад до родната Јамајка, соочувајќи се со тоа што ја губи битката со ракот, неговата последна порака до син му е: „Парите не можат да купат живот“.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Слободното време го минува со голема шолја кафе и со добра книга во рака или пишувајќи го она што ѝ лежи на душата. Не може да поднесе неправда и негува емпатија кон луѓето. Како перфекционист опседнат да даде сè од себе, сонува да направи промена во светот околу неа. Креативна и желна за нови предизвици, со многу нови соништа секој ден, иако понекогаш плашлива од промена. По малку романтична со голема љубов кон англиските книжевни класици.

Поврзани содржини

Остави коментар