Поврзаноста помеѓу љубовта и сексот во мозокот

Поврзаноста помеѓу љубовта и сексот во мозокот

Првата студија со која се истражувала невралната разлика помеѓу љубовта и желбата за секс открила неверојатни поклопувања помеѓу овие две нешта, но и одредени разлики. Истражувачи од цел свет ги дале резултатите од 20 студии со кои ја мереле невралната активност на љубовта и желбата за секс. Испитаниците во овие студии гледале во фотографии од нивните партнери како и во еротско стимулатвни фотографии. Резултатите покажале формирање на неколку многу слични мрежи во мозокот кои се активирале и од љубовта и од сексуалниот нагон. Еден од авторите на студијата, професорот Џим Паус објаснил:

„Никој, никогаш не ги поврзал овие две нешта со цел да ги види нивните мрежи на активирање. Едноставно не знаевме што да очекуваме – што се однесуваше до нас, може да испаднеше да бидат и целосно неповрзани. Но, изгледа дека љубовта и сексуалната желба активираат специфични, но сепак поврзани области во мозокот.“

Поврзаноста помеѓу љубовта и сексот во мозокот

Областите кои се активирале биле оние кои се вклучуваат со емоциите, мотивацијата и мислите од повисоко ниво. Откритијата сугерираат дека желбата за секс е многу повеќе од базична емоција, но и дека вклучува мотивација која е насочена кон цел и спој од многу напредни мисли.

Љубовта е изградена врз овие кола, со една клучна разлика во областа – таа се наоѓа во избразденоста. Оваа област на мозокот најчесто се поврзува со рамнотежата помеѓу повисоките и пониските нивоа на функционирање. Еден дел од избразденоста е најмногу поврзан со оние нешта кои предизвикуваат природни задоволства, додека другиот дел е најмногу поврзан со учење на поврзаноста помеѓу однесувањето и наградите. Со други зборови, тука се наоѓа местото каде што учите што ви е добро и почнувате да развивате вкус за него. Избразденоста, накратко, е местото каде што љубовта се создава.

Всушност, станува збор за процес кој е вклучен во зависноста од дрога. Паус објаснува:

„Љубовта на некој начин е навика која се создава од желбата за секс како желба која е наградена. Тоа функционира на истиот начин како кога луѓето стануваат зависни од дрога.“



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар