Поучни приказни што ќе ви докажат дека секогаш треба да си помагаме едни на други
Еднаш во еден голем парк избил пожар. Сите се разбегале. Останале само двајца: Еден слеп човек и еден човек без нога. Во сета таа паника, слепиот тргнал кон огнот.
„Не натаму! Ќе завршиш во оган!“, извикал инвалидот.
Слепиот човек исплашено извикал:
„А каде тогаш?“
Човекот без нога одговорил:
„Јас можам да ти го покажам патот, но не можам да трчам. Ако ме кренеш на грб, обајцата ќе можеме да побегнеме од оганот и да се скриеме на сигурно.“
Ако успееме да научиме дека своите искуства и можности треба да им ги ставаме на располагање на другите, сите наши надежи, разочарувања, но и успеси би можеле да им бидат од голема корист на сите луѓе. Па дури и тогаш кога ни се чини дека сѐ е бескорисно, како на пример кога 9-годишното девојче се вратило дома откако отишло кај сосетката чија ќерка загинала во сообраќајна несреќа.
„Зошто беше таму?“, ја прашал таткото.
„Да ја утешам мајката на мојата другарка“, одговорило девојчето.
„Ти си толку малечка! Што можеше да сториш за да ја утешиш?“
„Седев во нејзината прегратка и плачев заедно со неа“, рекло девојчето.
Она што го имате во поголема мера од другите, како што е здравје, талент, спретност, успех, среќно детство, добри услови за живот, не смеете да го земате здраво за готово и да сметате дека сте го заслужиле. Мора да ја платите цената за тоа. Мора во замена да го посветите вашиот живот во корист на животот на другите луѓе.
Прочитајте ја и следнава поучна приказна за несебично дадената помош.