Поучна приказна: Зошто жените плачат?

Поучна приказна: Зошто жените плачат?

Едно момче ја запрашало мајка си: Зошто плачеш?

Затоа што сум жена – му одговорила таа.
Не разбирам – рекло момчето.

Мајка му само го прегрнала и му кажала: Никогаш нема ни да разбереш.

Поучна приказна: Зошто жените плачат?

Подоцна момчето го прашало татко си:

Зошто ми се чини дека мама плаче без никаква причина?
Сите жени плачат без причина – ова било единственото што татко му знаел да го каже.

Момчето пораснало и станало маж, и сè уште се прашувал зошто жените плачат. На крајот го повикал Господ. Кога тој му се јавил, го прашал:

Боже, зошто жените толку лесно се расплакуваат?

Бог му одговорил:

Кога ја создавав жената, таа мораше да биде посебна.

  1. Ѝ дадов раменици доволно силни за да ја носат целата тежина на овој свет, а притоа доволно нежни за да можат да пружат утеха.
  2. Ѝ дадов доволно внатрешна сила за да може да го поднесе породувањето и одбивањето кое многу често доаѓа од нејзините деца.
  3. Ѝ дадов цврстина која ѝ овозможува да продолжи кога сите други ќе се откажат, и да се грижи за своето семејство за време на болести и неволји без да се жали.
  4. Ѝ дадов чувствителност да ги сака своите деца без оглед на сè, дури и ако нејзиното дете многу ја повреди.
  5. Ѝ дадов сила да го води својот сопруг низ неговите грешки и ја создадов неа од неговото ребро за да го заштити неговото срце.
  6. Ѝ дадов мудрост да знае дека добриот сопруг никогаш не би ја повредил својата жена, но и дека повремено ја тестира нејзината сила и одлучност да биде покрај него.
  7. И на крајот, ѝ дадов солзи да се исплаче. Тоа е само нејзино нешто што таа може да го употреби кога и да ѝ затреба.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

  1. anonimous Reply

    Како му е бројот на Господ, да му се јавам.

Остави коментар