Поучна приказна: Злото со зло се враќа!
Еднаш одамна живеел еден сиромашен и стар пустиник. Гледајќи го истоштен и без сила за живот, селаните секојдневно му давале милостина. За возврат, тој делел сè што добивал со бездомници и луѓе што имале потреба за помош.
Еден ден тој стигнал до една голема куќа каде што живеела постара жена. Таа била позната по својата злоба и скржавост. Сепак, со надеж, пустиникот ѝ побарал милостина и таа луто му фрлила малку храна. Следниот ден тој повторно се вратил кај неа, но кога таа го видела, толку многу се изнервирала што ставила отров во оризот што му го дала со надеж дека тој никогаш повеќе нема да се врати на нејзината врата.
Кога пустиникот пристигнал до својата колиба, го отворил оризот и планирал да почне да јаде но го прекинал млад човек што влегол внатре велејќи му: „Многу сум гладен. Имаш ли да ми дадеш нешто за јадење?“
Тој му го дал целиот ориз на гладниот човек, кој брзо го изел. Но во истиот момент штом го голтнал последниот залак, тој се струполил на подот и умрел.
Кога се раширила веста за смртта на младиот човек, дознала и злобната жена во големата куќа која го препознала по описите. Тој би нејзиниот син што се враќал дома по долг пат.
Прочитајте ја и оваа поучна приказна за бескрајниот круг на злобата.