Поучна приказна: Злато без вредност

Поучна приказна: Злато без вредност

Еден човек го закопал целото свое богатство на тајно место во својата градина и потоа секој ден одел таму, го откопувал богатството, го броел парче по парче и проверувал дали сè е на своето место. Тој толку многу го посетувал ова место, што еден крадец, кој го набљудувал периодот, сфатил каде е скриено богатството па една вечер тивко го откопал и избегал со него.

Поучна приказна: Злато без вредност

Кога човекот ја открил својата загуба, го облеала тага и очај. Тој плачел гласно и ја корнел косата. Во тој момент случаен минувач го забележал и го прашал што се случило.

„Моето злато! Ох, моето злато!“, врискал човекот. „Некој ме ограбил!“

Вашето злато? Во таа дупка? Зошто сте го ставиле таму? Зошто не сте го чувале во домот каде што ќе ви биде на дофат секогаш кога ќе посакате да си купите нешто?“

„Да купам нешто!?“, извикал тој. „Јас никогаш не би го допрел моето злато. Не можам ни да помислам да го трошам.“

Непознатиот минувач подигнал еден голем камен од земјата и го фрлил во дупката.

„Ако е таква работата, тогаш закопајте го овој камен. Тој ќе ви вреди исто толку колку и богатството што го изгубивте.“

Поука: Штедењето има смисла само ако планирате мудро да го трошите, бидејќи во спротивно парите ја губат својата вредност повеќе одошто мислите.

Ако ви се допадна оваа приказна, прочитајте ја и приказната за Астрологот и ѕвездите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар