Поучна приказна: Животот е како виолина
Понекогаш работите не ни одат онака како што сме замислувале и планирале. Наидуваме на пречки на патот кои никако не можеме да ги надминеме и да ги оствариме нашите амбиции и цели. Доколку минувате низ таков период, треба да се сетите на следнава приказна за Никола Паганини.
Паганини бил виолински виртуоз кој ја воодушевувал публиката со неговиот маестрален тален, но и со фантастичните вештини за неверојатни импровизации. На еден концерт, пред полна сила, тој изведувал едно многу тешко дело. Опкружен со целиот оркестар, тој уживал во сопствената изведба кога пред самиот крај на концертот му се скинала една од жиците на виолината. Неговото лице добило лут израз, но тој го продолжил настапот без да престане и продолжил да импровизира.
По неколку минути, му се скинала уште една од жиците, а кратко потоа и третата. Сега три жици виселе од виолината на маестрото додека тој непрестајно ја свирел композицијата. На крајот завршил само со една единствена жица.
По завршувањето на изведбата, публиката скокнала на нозе и му ракоплескала на уметникот за неговата ладнокрвност, снаодливост, импровизација и композиција која ја довршил во речиси невозможни услови. Откако овациите стивнале, Паганини ја замолил публиката да седне и иако сите знаеле дека не можат да очекуваат бис, послушно седнале на нивните седишта. Паганини ја подигнал виолината така што целата публика можела да ја види. Му кимнал со главата на диригентот и започнал изведба што ја нарекол „Паганини и една жица“.
Тој ја отсвирел завршната композиција на едножичната виолина додека публиката со чудење гледала како пред нивните очи невозможното се претвора во возможно благодарени на страста и уметничкиот занес.
Го поминуваме поголемиот дел од времето грижејќи се жиците кои се скинале. Тоа се жиците кои не можеме веднаш да ги поправиме и смениме. Но, заборавам дека секогаш постои барем една жива која е сѐ уште исправна. Секогаш постои барем една исправна жица која вреди да се прифати и со која вреди да се импровизира.
Само една жица е доволна за компонирање на прекрасната музика за животот. Доколку мислите дека ви е тешко, фатете се за таа една исправна жица и создавајте ја вашата мелодија која ќе ве воздигне до најголемите висини и ќе предизвика фантастични овации.
Прочитајте ја и следнава трогателна приказна која ќе ве научи дека не треба да им судите на луѓето.