Поучна приказна: Желбите на дрвјата

Поучна приказна: Желбите на дрвјата

Еднаш одамна, постоеле три дрвја на ридот во една шума. Тие разговарале за нивните надежи и соништа, кога првото дрво рекло: „Еден ден се надевам дека ќе бидам сандак за богатство. Би можело да бидам преполно со злато, сребро и скапоцени камења. Би можело да бидам декорирано со сложени резби и сите би ја виделе мојата убавина.“

Поучна приказна: Желбите на дрвјата

Потоа, второто дрво рекло: „Еден ден ќе бидам моќен брод. Ќе водам кралеви и кралици низ водите и ќе пловам до сите краишта во светот. Сите ќе се чувствуваат безбедно во мене поради силата на мојот труп.“

На крај, прозборело и третото дрво: „Кога ќе пораснам сакам да бидам највисокото дрво во шумата. Луѓето ќе ме гледаат на врвот на ридот, со восхит за моите гранки. Јас ќе бидам најдоброто дрво на сите времиња и луѓето секогаш ќе ме помнат.“

По неколку години молење за нивните соништа да се остварат, се приближила една група луѓе до нив. Еден од нив пристапил до првото дрво и рекол: „Ова изгледа како силно дрво, мислам дека би можел да го продадам на некој столар“ и почнал да го сече. Дрвото било среќно, бидејќи знаело дека од него ќе направат сандак за богатство.

Покрај второто дрво, друг човек рекол: „Ова изгледа како силно дрво, би требало да можам да го продадам во бродоградилиште.“ Второто дрво било пресреќно, бидејќи знаело дека е на патот да стане моќен брод.

Кога еден од луѓето се приближил до третото дрво, тоа било преплашено бидејќи знаело дека ако сега го исечат, никогаш нема да може да ги оствари своите соништа. „Не ми треба ништо посебно од моето дрво, па ќе го земам ова“, рекол тој и го пресекол.

Првото дрво пристигнало кај столарите, но било претворено во кутија за храна за животни. Потоа било сместено во штала и наполнето со сено. Неговата желба не се остварила. Второто дрво било исечено, а потоа од него направиле мал рибарски брод. Неговите соништа да биде моќен брод кој ќе пренесува кралеви се претворил во пепел. Третото дрво било исечено на мали парчиња, кои потоа биле оставени во мракот.

Како што поминувале годините, така дрвјата почнале да ги забораваат своите соништа. Тогаш, маж и жена дошле во шталата. Жената се породила и бебето го сместиле во кутијата за храна за животни која била направена од првото дрво. Мажот посакал сам да ја направи колепката, но се задоволил и со оваа бидејќи била со совршените димензии за нивното најмало. Дрвото можело да ја почувствува важноста на овој настан и знаело дека конечно го добило најскапоценото богатство на сите времиња.

Години подоцна, група луѓе влегле во рибарскиот брод направен од второто дрво. Еден од нив бил уморен и заспал. Додека биле во водата, огромна бура донела бранови и дрвото мислело дека нема да биде доволно силно за да ги заштити мажите. Тие го разбудиле човекот кој спиел и тој само кажал „Мир“ и бурата се смирила. Во тој момент, дрвото знаело дека го носело кралот на сите кралеви.

На крај, некој дошол и го земал третото дрво. За неколку часа, човекот го заковал на друго високо дрво, од каде што имало поглед кон целата шума од која потекнувало. Дрвото се претворило во куќичка, на највисоката точка во шумата и секој пат кога луѓе поминувале покрај него, го гледале со воодушевување. Тогаш тоа знаело дека и неговиот сон е остварен.

Никогаш не заборавајте, понекогаш срцето го гледа тоа што очите не можат!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар