Поучна приказна за цената на желбите

Поучна приказна за цената на желбите

Некогаш некаде во универзумот имало една мала продавница. Долго време таа немала никаков знак на неа бидејќи бил одвеан од ураганот и сопственикот решил да не закачува нов кога веќе сите жители и онака знаеле дека во продавницата се продавале желби.

Таму можело да се купи буквално сѐ: Огромни јахти, големи апартмани, брак, позицијата на потпретседател во голема компанија, пари, деца, омилената професија, совршено тело, победа на натпревар, луксузни автомобили, фудбалски клубови, моќ, успех, дијамантски прстени и уште многу други работи. Единствените работи кои не биле за продавање биле животот и смртта: Овие добра биле под контрола на главната канцеларија која се наоѓала во друга галаксија.

Поучна приказна за цената на желбите

Секој посетител на продавницата морал прво да ја дознае цената на неговата желба. Имало и луѓе кои никогаш не влегувале во неа, само седеле дома и не преземале ништо за да ги остварат нивните соништа. Цените во продавницата многу варирале. На пример, за да ја добиете работата од соништата, требало да се откажете од стабилноста и предвидливоста која сте ја имале во животот претходно. Морало да бидете подготвени да ја планирате сопствената иднина, да верувате во сопствената сила и да си дозволите да го правите она што ви причинува задоволство, наместо она што морате да го правите.

Цената на моќта и авторитетот била поголема: Човек морало да ги смени своите верувања и да има високо мислење за себе, без да се грижи што другите луѓе мислат за него. Тие исто така морале да бидат способни да даваат рационални аргументи и да знаат како да им кажат „не“ на другите.

Некои цени биле многу чудни. Бракот не чинел речиси ништо, но среќниот брачен живот бил многу скап: Целосна одговорност за сопствената среќа, способност да се ужива во животот, да се познаваат сопствените желби, да се отфрли потребата да им се угоди на другите, способност да го цените она што веќе го имате, да си дадете дозвола да бидете среќни и да ја разберете сопствената вредност и значење, да го отфрлите концептот да се биде „жртва“, да бидете подготвени да изгубите некои од вашите пријатели.

Не биле сите што ќе дошле во продавницата подготвени да платат за нивните желби. Некои си заминувале веднаш штом ќе ги виделе цените. Другите стоеле и размислувале, внимателно ги броеле парите во рака и се прашувале од каде да најдат уште. Некои муштерии се жалеле дека цените се премногу високи и се обидувале да добијат попуст.

Имало и такви кои штеделе за нивните најпосакувани желби и си заминувале од продавницата со нивните соништа завиткани во прекрасна декоративна хартија. Останатите муштерии ги гледале завидливо овие среќни луѓе и мислеле дека тие ја добиле својата желба бесплатно, без многу труд, само затоа што биле пријатели на сопственикот.

Постојано барале од сопственикот да ги симне цените, но тој секогаш одбивал. Веле дека квалитетот на желбите ќе настрада доколку не се високи цените.

Кога и да го прашале дали се плаши да не банкротира, тој одмавнувал со главата и велел: „Секогаш ќе има такви што се доволно храбри да преземат ризик, да го сменат животот и да ги напуштат познатите и предвидливи работи. Тие се способни да веруваат во себе и нивните соништа и тие ќе најдат начин да платат за да ги остварат своите соништа“.

П.С. На продавницата имало постер на кој пишувало: „Ако желбата ви се нема остварено, сѐ уште не сте платиле за неа доволно“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар