Поучна приказна: Внимавајте пред да донесете одлука

Поучна приказна: Внимавајте пред да донесете одлука

Еднаш одамна живеел некој лав кој остарел толку многу што повеќе не бил во состојба да фаќа животни како своја храна. Па, тој самиот си рекол дека мора да направи нешто за да ја задоволи својата глад, затоа што во спротивно би умрел. Размислувајќи, тој дошол до една идеја.

Поучна приказна: Секогаш добро внимавајте пред да се одлучите за нешто

Така, решил да легне во пештерата и да се преправа дека е болен, а потоа секој што ќе дојде да го посети и да ја види неговата здравствена состојба, да стане негов плен. Лавот најпосле ја остварил својата желба, па секој кој доаѓал кај него бил убиван. Но, злото траело кратко. Еден ден во негова посета дошла лисицата. Бидејќи тие се итри по природа, нејзиното шесто сетило проработило и таа ја сфатила суштината, па однадвор го прашала лавот како се чувствува. Лавот ѝ одговорил дека не се чувствува добро и ја прашал зошто не влегува да го посети. На тоа лисицата одговорила: „Јас би дошла, но гледам само отпечатоци од шепи кои водат внатре во пештерата, а ниту едни кои излегуваат надвор. Би била глупава ако влезам“. Така, лисицата се вратила назад и им ја раскажала ситуацијата на сите животни.

Поука: Секогаш чувајте ги отворени вашите очи пред да се впуштите во некоја ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар