Поучна приказна: Ученикот и мокрите панталони

Поучна приказна: Ученикот и мокрите панталони

Едно 9-годишно момче седело во училишната клупа и одеднаш помеѓу неговите нозе се појавила мала бара и предниот дел од панталоните станал мокар. Во тој момент тој помислил дека неговото срце ќе запре, затоа што не можел ниту да си замисли како тоа можело да му се случи нему. Тој помислил дека другарите ќе го избегнуваат, а кога ќе дознаат девојчињата, тие нема да му прозборат до крајот на неговиот живот.

Поучна приказна: Ученикот и мокрите панталони

Момчето ја наведнало главата и почнал да се моли, велејќи: „Драг Господе, ова е итен случај! Ми треба помош. Ќе умрам за 5 минути.“ Тој го свртел својот поглед нагоре и го здогледал учителот како гледа во него, па сфатил дека е откриен. Како што се приближувал учителот до него, една соученичка по име Сузи која носела сад со златна рипка во него, се појавила пред наставникот и неочекувано ја истурила водата во скутот на момчето. Тогаш тој се преправал дека е лут, но во себе му се заблагодарувал на Господ.

Така, наместо да биде предмет на исмејување, момчето станало предмет на сожалување. Наставникот веднаш сакал да му помогне и го пратил да ја промени својата облека. Сите деца се собрале околу неговата клупа и почнале да чистат, додека истовремено ја обвинувале Сузи за сето тоа. На крајот од денот, додека тие чекале автобус, момчето се приближило до Сузи и ѝ шепнало:„Ти го направи тоа намерно, нели?“ Сузи на тоа му одговорила: „И јас еднаш се најдов во ваква ситуација.“

Поука: Секој од нас има искусено и добри и лоши работи во животот. Треба да запаметите како сте се чувствувале кога сте биле во некоја лоша состојба и не треба да им се потсмевате на другите кога ќе се најдат во слична ситуација. Секогаш обидувајте се да ја разберете нивната состојба и помогнете им кога имаат потреба од тоа.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар