Поучна приказна: Среќни се оние кои се држат за рака

Поучна приказна: Среќни се оние кои се држат за рака

Зарем некогаш би ни досадиле кратките приказни кои изобилуваат со мудрост? Најверојатно не. Токму затоа и решивме да ја споделиме оваа неверојатно поучна приказна која ни покажува колку ни се важни односите со другите луѓе, бидејќи материјалните нешта, колку и да сакаме, едноставно никогаш нема да можат да траат…

Поучна приказна: Среќни се оние кои се држат за рака

Еднаш одамна, еден монах гледал деца кои на брегот ѕидале кула од песок. Токму кога завршиле со изградбата на замислената кула, на чија изградба потрошиле многу време и трпение, дошол бран и ја израмнил кулата со песокот. Монахот очекувал солзи и бес, но наместо тоа децата се фатиле за рака и почнале да се смеат. Брзо потоа почнале да градат нова кула.

„Дознав дека овие деца ме научија на една многу важна лекција“, почнал да зборува монахот. „Сите нешта во нашиот живот, во кои вложуваме многу време и многу енергија, се составени од песок. Трајни се само нашите односи со луѓето. Порано или подоцна ќе дојде бран кој ќе го сруши сè она што сме го граделе со толку многу труд. Кога тоа ќе се случи, можеме да се смееме само со оние со кои можеме да се држиме за рака.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар