Поучна приказна: Слепиот човек и неговиот натпис
Еден ден, еден слеп човек седел на скалите на една зграда, со шешир во близина на неговите нозе и еден натпис на кој пишувало: „Слеп сум, ве молам помогнете ми“. Еден случаен минувач, кој пак бил експерт за маркетинг, забележал дека во шеширот има само неколку метални парички. Тој се наведнал, оставил пари и потоа, без да побара дозвола, на другата страна од картонот напишал нов натпис. Подоцна, кога случајниот минувач повторно се вратил кај слепиот човек, забележал дека неговиот шешир сега е полн со пари.
Слепиот човек, препознавајќи го по чекорите, го прашал дали тој е оној што напишал нешто друго на картонот и што е тоа што е напишано. На ова, минувачот одговорил: „Не напишав лага, туку твојата порака ја составив на поинаков начин“, се насмеал тој и заминал. Слепиот човек не дознал дека на натписот едноставно пишувало: „Денес е пролет… а јас не можам да ја видам.“
Поука: Променете ја стратегијата кога сѐ околу вас ќе тргне наопаку и ќе видите дека порано или подоцна работите ќе се свртат на подобро.