Поучна приказна: Силната поврзаност на љубовта и вистината

Поучна приказна: Силната поврзаност на љубовта и вистината

Дејв и Сара биле во брак повеќе од 10 години и немале деца, но се надевале дека ќе успеат да имаат пред да стапат во единаесеттата година од нивниот брак, затоа што биле под притисок од нивните пријатели и членовите на семејството за да се разведат. Но, тие не можеле да дозволат лесно да се уништи силната љубов која ги врзувала. После неколку месеци, додека сопругот се враќал дома од работа, ја видел неговата сопруга како се шета прегрната со некој маж и тие изгледале многу среќни. Во текот на следната недела тој ги видел на уште неколку места, а една вечер додека се враќал од работа, видел како мажот ја бакнува неговата сопруга на образот. Тој бил лут и тажен, но не рекол ништо.

Поучна приказна: Силната врска на љубовта и вистината

Два дена подоцна, по напорниот работен ден, Дејв отишол да се напие чаша вода, па заѕвонел телефонот и кога ја кренал слушалката, слушнал глас кој велел: „Здраво драга, вечерва ќе дојдам кај тебе да те видам, како што ти ветив“. Дејв го спуштил телефонот. Тоа било машки глас и тој бил сигурен дека е мажот со кој секогаш се гледа неговата сопруга. Одеднаш си помислил дека ја губи, а од рацете му паднала чашата со вода и стаклото се скршило на многу парчиња. Сара дотрчала во собата и го прашала дали сѐ е во ред. Во лутина, тој ја турнал и таа паднала.

Откако видел дека ниту мрда ниту станува, Дејв сфатил дека таа паднала врз скршеното стакло и дека е прободена од некое големо парче. Го почувствувал чукањето на нејзиното срце и пулсот, но таа лежела на подот речиси безживотно. Целосно збунет, тој видел плик во нејзината рака. Го зел, го отворил и видел дека е писмо, каде што пишувало: „Мил мој, зборовите не можат да изразат како се чувствувам, па затоа морав да ти напишам. Одев на лекар повеќе од една недела и сакав да бидам сигурна пред да ти ги соопштам новостите. Лекарот потврди дека сум бремена веќе два месеци и дека очекуваме близнаци. Лекарот е мој брат со кој изгубив контакт откако стапивме во брак. Тој вети дека ќе се грижи за мене и за нашите бебиња. Исто така ми вети дека денес ќе дојде кај нас на вечера. Ти благодарам што си покрај мене, твојата сакана сопруга.“

Откако го прочитал ова, писмото му паднало од раката. Потоа некој чукнал на вратата, па кога отворил видел дека тоа е истиот маж со кој претходно ја гледал неговата сопруга. „Здраво Дејв, претпоставувам дека сум на време. Јас сум Макс, братот на Сара“. Веднаш потоа Макс ја забележал неговата сестра како лежи на подот, опкружена со својата крв. Истиот момент ја однеле во болница и таа била во кома, а и ги изгубила близнаците.

Поука: Не треба премногу бргу да преземате акции или да донесувате одлуки за вашата љубовна врска или вашиот брак, што ќе се засноваат само на она што сте го виделе или што сте го слушнале за нив. Секој има маани и не треба премногу бргу да им судите на другите. Не е вистина сето она што го гледате или што го слушате. Секогаш настојувате да се контролирате себеси во која било ситуација.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар