Поучна приказна: Што слуша вашето срце?

Поучна приказна: Што слуша вашето срце?

Еден ден, еден човек го поканил својот пријател, Индијанец, во посета. Тој живеел во голем град и сакал да го одведе својот пријател на прошетка.

Поучна приказна: Што слуша вашето срце?

Додека тие шетале, Индијанецот одеднаш застанал и извикал: „Слушам штурец!

На тоа човекот му одговорил: Не е можно на олкава бука од луѓе и автомобили да чуеш штурец.“

Во тој момент Индијанецот се наведнал покрај тревата и со прстот покажал кон едно мало штурче.

Како?“ – го прашал човекот.

Индијанецот му побарал една паричка и потоа ја пуштил врз тротоарот. Паричката при ударот на земјата испуштила звук која го привлекла вниманието на сите околу нив. Случајните минувачи одеднаш застанале и го насочиле погледот кон местото од каде доаѓал звукот од паднатата паричка. „Ти го слушаш она кое си научил да го слушаш, без разлика каде си или колкава е бучавата“, му рекол Индијанецот. Како што можеш да видиш, сите овие луѓе во истата бука успеаја да ја чујат паричката, но не и штурецот.“

Најважно е да слушате, па токму затоа и обидете се да го чуете она на кое не сте навикнати да обрнувате внимание. Којзнае што може да откриете. Отворете ги вашето срце и ум за нови и различни нешта, бидејќи доколку нешто не забележувате, не значи и дека тоа не постои или пак, дека е невозможно.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар