Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

Постои една стара индијанска приказна која говори за двајца млади Индијанци, момче и девојка. Еден ден, тие заедно се упатиле кај големиот поглавар на нивното племе и одлучно му соопштиле:

Поучна приказна што ќе ве замисли и ќе ви ја открие тајната на вечната љубов

„Ние се сакаме! Сакаме да ни го дадеш твојот благослов и да нѐ подучиш што треба да правиме за да може нашата љубов да трае вечно.“

„Добро, ќе ви кажам што да направите. Но, прво мора да дојдете со мене горе на планина. Пред да појдеме, најдете ми два орли и понесете ги со себе, а потоа ќе видиме што ќе правиме“, им одговорил поглаварот.

Двајцата млади тргнале во различни правци и по кратко време секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот од планината, поглаварот им рекол:

„Земете го сега ова кратко јаже и со едниот крај заврзете ја ногата на едниот орел, а со другиот крај заврзете ја ногата на другиот.“

Вљубените го послушале и ги врзале нозете на птиците.

„Сега пуштете ги да летаат!“, извикал поглаварот.

Момчето и девојката ги фрлиле птиците кон небото, но орлите не можеле да полетаат, бидејќи нозете им биле врзани една со друга. Тие паднале на земја и почнале да се клукаат меѓу себе, обидувајќи се да се ослободат од јажето со кое биле врзани. Тогаш стариот Индијанец рекол:

„Сега пресечете го јажето!“

Младите ја извршиле и таа наредба, го пресекле јажето и повторно ги фрлиле орлите кон небото. Овој пат тие брзо се издигнале, направиле неколку кругови и полетале кон снежните врвови на блиските планини. Мудриот поглавар рекол:

„Ете, тоа е тајната на вечната љубов и среќа. Ако луѓето се врзани едни со други, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно, но не и да бидете врзани. Ако сепак се врзете, никогаш нема да можете да ја спознаете љубовта и среќата.“

Иако станува збор за индијанска приказна, нејзината поука може да се примени и во денешно време. Немојте да се врзувате со личноста која ја сакате, туку дајте си доволно простор во врската за да можете да летате слободно и да ги достигнете сите врвови во животот.

Доколку ви се допадна текстот, прочитајте ја и следната поучна приказна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар