Поучна приказна: Што има за вечера?
Еден маж почнал да се сомнева дека неговата жена не слушала добро како порано, плашејќи се дека ќе ѝ биде потребен апарат за слушање. Но, бидејќи не знаел како да ѝ пристапи, тој го побарал нивниот матичен доктор со цел да се консултира за проблемот. Докторот му кажал дека постои еден едноставен неформален тест кој сопругот можел го направи сам со цел да има подобра идеја за нејзиното губење на слухот.
„Еве што треба да направиш“, почнал да зборува докторот. „Застани на околу 40 чекори од неа и со нормален глас прашај ја дали те слуша. Ако не те слуша, помести се 30 чекори, па 20 и сè така додека не добиеш одговор.“
Истата вечер, жената била во кујната подготвувајќи вечера, а мажот во дневната. Си рекол себеси дека е околу 40 чекори оддалечен од неа, па можеби би било добра идеја да го направи тестот со цел да види што ќе се случи. Тој со нормален глас прашал: „Душо, што има за вечера?“ Но, не добил одговор.
Мажот решил да се приближи поблизу до кујната, на околу 30 чекори од својата сопруга и да го повтори прашањето, „Душо, што има за вечера?“ Но, сè уште немало одговор.
Тој повторно се поместил нанапред, на околу 20 чекори од неговата сопруга и го повторил истото прашање: „Душо, што има за вечера?“ Бидејќи не добил одговор, застанал на 10 чекори од неа и повторно повторил, „Душо, што има за вечера?“ На негово изненадување, одговорот уште го немало.
Загрижен, тој застанал веднаш крај неа и ја прашал до нејзиното уво: „Душо, што има за вечера?“
На тоа, таа му одговорила: „Тодор, по 5-ти пат, ПИЛЕШКО!“
Поука: Понекогаш проблемот не е во другите како што мислиме, туку во нас. Но, потребно е да бидеме спремни да преземе одговорност за да можеме да го видиме.