Поучна приказна: Само лудите размислуваат со својата глава

Поучна приказна: Само лудите размислуваат со својата глава

Во 1932 година, Јунг имал можност да разговара со индијанскиот поглавар Очвајај Биано, познат и како поглаварот Планинско езеро. Овој разговор, кој бил многу поучен за Јунг, бил запишан во неговата книга „Сеќавања, соништа, рефлексии“ (Memories, Dreams, Reflections). Добро запомнете ги зборовите на поглаварот, бидејќи тие изобилуваат со мудрост што одамна сме ја заборавиле.

Поучна приказна: Само лудите размислуваат со својата глава

„Колку се сурови белците – нивните усни се тенки, нивните носови остри, лицата им се избраздени и изобличени од дупки. Нивните очи имаат загледан израз. Тие секогаш се во потрага кон нешто. Што бараат? Белците постојано сакаат нешто, тие постојано делуваат немирно и како да им е непријатно. Ние не знаеме што тие сакаат, ние не ги разбираме, ние мислиме дека се луди.“

На прашањето од Јунг зошто тој смета дека сите белци се луди, поглаварот му одговорил:

„Тие размислуваат со нивните глави.“

Јунг се изненадил. Нормално дека луѓето би размислувале со нивните глави, со што друго би можеле да го прават тоа? Трите зборови што поглаварот следно ги изговорил целосно му го промениле начинот на размислување…

„Ние размислуваме тука“, одговорил тој, покажувајќи кон срцето.

Прочитајте ги и овие 10 древни мудрости од Американските Индијанци!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар