Поучна приказна: Потеклото на среќата
Еднаш живеело едно момче што едвај имало играчки бидејќи неговите родители немале пари. Но без разлика на сè, тоа било многу среќно. Кога го прашувале што е причината за неговата среќа, тоа велело дека ужива во правењето работи за другите, дека тоа му давало убаво чувство однатре. Луѓето најчесто чудно го гледале и мислеле дека нешто не е во ред со него.
Тоа цел ден им помагало на другите, организирајќи добротворни цели за најсиромашните и барајќи напуштени животни за да им најде дом. Многу ретко правел нешто за себе. Еден ден, запознал познат доктор кој сметал дека неговиот случај е толку занимлив, што тој решил да го испитува. Му требало одредено време, но успеал да направи комплексен систем од камери и цевки со цел да сними што се случува во момчето. Тоа што го открил било неверојатно.
Секој пат кога момчето ќе направело нешто добро, илјадници мали ангели се собирале околу неговото срце и го скокоткале. Тоа ја објаснило среќата на момчето, но докторот не запрел тука. Тој продолжил со своето истражување и открил дека сите ние ги имаме овие ангели во нас. За жал, повеќето од нив се досадувале бидејќи ретко кој прави толку добри дела.
На тој начин била откриена тајната за среќата. Благодарение на тоа мало момче, сега знаеме точно што треба да направиме за нашето срце да биде скокоткано.