Поучна приказна: Постојат три вида луѓе

Поучна приказна: Постојат три вида луѓе

Еден учител му покажал три играчки на еден ученик и од него побарал да ги открие разликите помеѓу нив. Сите три играчки изгледале исти според нивната форма, големина и материјал. По длабоко набљудување, ученикот забележал дупки во играчките.

Поучна приказна: Постојат три вида луѓе

Првата имала дупки во ушите, втората дупка во едното уво и устата, а третата имала само една дупка во едното уво. Потоа, ученикот ставал игла во секоја играчка. Кај првата тој ја ставил од едното уво и таа излегла од другото, кај втората ја ставил во увото и таа излегла од устата, додека пак кај третата тој ја вметнал иглата во увото и таа не излегла од никаде.

Првата играчка ги прикажува оние луѓе околу вас кои оставаат впечаток дека ве слушаат и дека се грижат за вас. Но, вистината е дека тие само се преправаат. По слушањето, како што иглата излегува од другото уво, работите кои вие им ги кажувате, сметајќи на нив, исчезнуваат. Затоа, бидете внимателни додека зборувате со овој вид луѓе, кои воопшто не се грижат за вас.

Втората играчка ги симболизира оние луѓе кои ве слушаат и оставаат впечаток дека се грижат за вас. Но, како што и кај втората играчка иглата излегува од устата, така овие луѓе ќе ги употребуваат вашите зборови против вас, кажувајќи им ги доверливите работи на другите.

Кај третата играчка иглата не излегува од никаде. Таа ги прикажува луѓето од доверба и токму овие се оние на кои можете да сметате.

Поука: Секогаш бидете во друштво на верни и доверливи личности. Луѓето кои ве слушаат додека зборувате, не се секогаш оние на кои можете да сметате кога ќе ви бидат најпотребни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар