Поучна приказна: Пазете се од жените кои читаат книги!

Поучна приказна: Пазете се од жените кои читаат книги!

Маж и жена отишле на одмор на едно убаво езеро, меѓу другото познато и како добро место за риболов. Мажот сакал да лови риби штом ќе се раздени, но неговата жена сакала во тој момент во мир да чита книги.

Пазете се од жените кои читаат книги

Едно утро, мажот, после неколку часа ловење риби, се вратил и одлучил малку да отспие, додека сопругата решила сама да го однесе чамецот на езерото. Таа го запалила моторот, го пронашла совршеното мирно и осамено место, го пуштила сидрото и ја земала книгата со цел да ужива читајќи во тишината. Брзо потоа дошол риболовниот инспектор со неговиот чамец, кој ѝ пришол на жената велејќи:

„Добро утро, госпоѓо. Што правите?“

„Читам книга“, му одговорила таа.

„Вие сте на делот од езерото кој е резервиран за спортски риболов!“

„Жал ми е господине, но јас не ловам риби. Јас само седам во чамецов и читам книга.“

„Да, но во чамецот го имате целиот прибор кој ви е потребен за риболов и што се однесува до мене, можете да почнете да ловите риби во секој момент. Ќе морам да ве одведам со себе до станицата и да поднесам пријава против вас“, ѝ рекол тој луто.

„Ако вие навистина го направите тоа, тогаш и јас ќе поднесам пријава против вас, но за силување“, му одговорила смирено жената.

„Но, јас не ве ни допрев“, извикал инспекторот.

„Да, но вие го имате целиот потребен прибор за да го направите тоа и што се однесува до мене можете да почнете да ме напаѓате во секој момент.“

„До гледање госпоѓо. Уживајте во овој убав ден…“, рекол тој и заминал.

Поука: Не се расправајте со жена која чита. Многу е веројатно дека таа знае и да мисли. А, ако веќе се расправате со жена која чита и мисли, тогаш сфатете дека не можете да ја надмудрите!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар