Поучна приказна: Пари без вредност
Еден старец продавал различни нешта со цел да заработи за живот. Тој често оставал впечаток на приглуп човек бидејќи луѓето скоро секогаш му плаќале со лажни пари или пак, му кажувале дека веќе му платиле, иако тоа не било вистина. Но, тој секогаш одбирал да им верува.
Кога дошло време да умре, тој погледнал кон небото и кажал:
„Господе, многу лажни пари примив од луѓето, но никогаш не ги судев за тоа. Сакав да мислат дека не знам што прават. И јас сум пара без вредност, затоа те молам, немој да ме осудуваш.“
Тогаш тој чул глас:
„Како е можно да го судам оној кој никогаш не ги судел другите?“
Лесно е да најдете некој кој работи нешто со љубов, но многу е тешко да најдете некој кој размислува со љубов.