Поучна приказна: Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша

Поучна приказна: Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша

Луѓето ретко умеат да го согледаат богатството кое се крие во нив и среќата која секојдневно ги опкружува. Наместо тоа, тие постојано бараат нешто повеќе, нешто подобро, нешто што навидум ќе им донесе повеќе радост. Но, кога работите ќе се влошат, тогаш им се отвораат очите и тие почнуваат да го ценат она што го имаат. Прочитајте ја и оваа кратка поучна приказна која ќе ви покаже дека секогаш има нешто полошо и дека треба да бидете благодарни за она што веќе е до вас.

Поучна приказна: Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша

Еден капетан со својот брод тргнал да плови по морето, но по одредено време почнало да се појавува голема бура. Еден човек кој се наоѓал таму почнал да плаче и да се плаши, бидејќи никогаш претходно не бил на брод. Неговиот плач бил толку гласен и упорен што останатите се налутиле, а капетанот сакал да го фрли во морето. Неговиот главен советник, кој бил многу мудар, му рекол: „Не. Препуштете ми го на мене. Мислам дека можам да му помогнам“.

Тогаш тој наредил човекот да биде фрлен во водата. Во моментот кога се нашол во морето, кутриот човек од ужасната ситуација почнал да вика и чука во водата. После неколку секунди, мудрецот наредил да го извлечат. Кога се вратил на палубата, човекот лежел во еден агол, во целосна тишина. Кога капетанот го прашал својот советник која е причината за тоа, тој му одговорил: „Никогаш не сфаќаме колку сме среќни сѐ додека ситуацијата не стане полоша“.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар