Поучна приказна: Не се продаваат родители!
Сите сме свесни дека денешниот начин на живот е многу брз, стресен и напорен. Поради тоа, честопати забораваме на вистинските животни вредности. Губиме контакт со нашите пријатели, ја занемаруваме љубовта на партнерот, а не е реткост ни тоа родителите да не им обрнуваат доволно внимание на нивните деца. Следнава поучна приказна ќе ве потсети дека семејството и грижата кон блиските е најважна и никогаш не треба да се заборави…
Еден млад брачен пар влегол во најдобрата продавница во градот. Мажот и жената долго време ги гледале шарените играчки кои биле наредени на полиците. Имало најразлични кукли кои се смеат и плачат, електрични гитари, минијатурни кујни и што ли уште не! Не можеле да се одлучат, па им се приближила продавачката.
„Видете, ние имаме мало девојче, но и двајцата сме отсутни по цел ден, а многу често и навечер“, објаснила жената.
„Станува збор за девојче кое многу ретко се смее“, продолжил човекот.
„Би сакале да ѝ купиме нешто што ќе ја прави среќна и тогаш кога ние нема да бидеме тука. Нешто што ќе ја развеселува кога ќе биде сама“, објаснила жената.
„Жал ми е, но ние не продаваме родители“, одговорила продавачката и љубезно се насмевнала.
Родителите се засрамиле и веднаш излегле од продавницата.
Без оглед на тоа колку обврски имаме и колку сме уморни секогаш треба да одвојуваме време за нашите најблиски, особено за семејството. Работата и материјалните нешта можеби делуваат привлечно, но никогаш нема да ни ја дадат топлината и љубовта што можеме да ги почувствуваме само благодарение на луѓето кои ги сакаме и се грижат за нас. Нема ништо поважно и поскапоцено од тоа!