Поучна приказна: Мечката и двајцата пријатели
Еднаш одамна двајца пријатели се движеле низ шумата и знаеле дека во секој момент може да им се случи нешто опасно, па си ветиле еден на друг дека што и да се случи, ќе останат заедно. Одеднаш, тие здогледале една мечка како им се приближува. Еден од пријателите веднаш се искачил на дрвото кое му било во близина, но другиот не знаел како да се качува. Па, воден од неговиот здрав разум, тој легнал на земјата без здив, преправајќи се дека е мртов.
Мечката му се приближила на човекот кој лежел на земјата. Ги помирисала неговите уши и полека го напуштила местото, затоа што мечките не ги допираат мртвите суштества. Потоа човекот од дрвото се симнал и го прашал неговиот пријател кој лежел на земјата: „Пријателе, што ти рече мечката на твоите уши?“ Другиот пријател одговорил: „Мечката мe советуваше да не му верувам на лажниот пријател.“
Поука: Вистинскиот пријател е оној кој секогаш ќе ве поддржува и ќе остане покрај вас без разлика на ситуацијата.